„Информирај се паметно“ е насловот на новата едукативна кампања на три пензиски друштва (Сава, КБ и Триглав) во соработка со МАПАС и маркетинг агенцијата Њу Момент (New Moment).
Носечкиот лик на кампањата е насловен – Пензијамен , кој веќе има свои профили на социјалните мрежи (Фејсбук, Инстаграм, Твитер). Пензијамен е артистот Павле Димковски, односно Паки од „Фчерашни новости“.
Кампањата има за цел да го подигне нивото на информираност кај граѓаните за функционирањето на реформираниот пензиски систем и работата на трите пензиските друштва, но и да ги разјасни евентуалните дилеми на граѓаните поврзани со пензискиот систем.
Притоа, акцентот на оваа кампања се става на едуцирањето на младите кои се пред влез во задолжителното социјално осигурување веднаш по своето прво вработување.
Како дел од кампањата се продуцирани и неколку видео материјали достапни на посебниот канал на Пензијамен (ЛИНК). Дел од нив можете да погледнете во продолжение: