Проектот „Stargate“ е нова компанија која има намера да инвестира 500 милијарди долари во текот на следните четири години, градејќи нова инфраструктура за вештачка интелигенција во САД.
Оваа инфраструктура ќе обезбеди американско лидерство во областа на вештачката интелигенција, ќе создаде стотици илјади работни места и ќе генерира огромна економска корист за целиот свет. Овој проект не само што ќе ја поддржи реиндустријализацијата на Соединетите Американски Држави, туку и ќе обезбеди стратешка способност за заштита на националната безбедност на Америка и нејзините сојузници.
Основачи на проектот „Stargate“ се SoftBank, OpenAI, Oracle и MGX. Водечки партнери ќе бидат SoftBank и OpenAI, при што SoftBank ќе има финансиска одговорност, а OpenAI ќе има оперативна одговорност. Претседател на компанијата ќе биде Масајоши Сон.
Компаниите Arm, Microsoft, NVIDIA, Oracle и OpenAI се клучните почетни технолошки партнери. Првиот кампус на проектот ќе биле лоциран во Тексас, при што се проценуваат и други потенцијални локации низ САД.
Како дел од „Stargate“, партнерите Oracle, NVIDIA и OpenAI тесно ќе соработуваат за равој и управување со овој компјутерски систем. Ова се надоврзува на длабоката соработка помеѓу OpenAI и NVIDIA од 2016 година и поновото партнерство помеѓу OpenAI и Oracle.
Проектот исто така се надоврзува на постојното партнерство на OpenAI со Microsoft. Притоа, OpenAI ќе продолжи да ја зголемува употребата на клауд-платформата Azure на Microsoft, со цел обезбедување на поголема компјутерска моќ во обуката на напредни модели на вештачка интелигенција и развојот на нови производи и услуги.
„Сите ние со нетрпение очекуваме да продолжиме да ја градиме и развиваме вештачката интелигенција – особено вештачката општа интелигенција (AGI) – за доброто на целото човештво. Веруваме дека овој нов чекор е критичен на патот и ќе им овозможи на креативните луѓе да сфатат како да ја користат вештачка интелигенција за издигнување на човештвото“ – стои во соопштението на OpenAI.