Европската асоцијација за дигитален маркетинг и огласување IAB Europe го соопшти формирањето на сопствена „Академија“ – иницијатива која има за цел да обезбеди едукација на професионалци за дигитално огласување во тематски области во кои IAB Europe е активна и да ја поттикнува примената на стандардите со помош на своите експертски работни групи. Курсевите се развиени од водечки експерти на IAB Europe за да ги обучат учесниците со потребните вештини и знаења за успех во дигиталниот свет.
Курсевите се прилагодени на потребите на професионалците на сите нивоа, од почетници до експерти, нудејќи достапни содржини во ангажирана и динамична средина за учење. Ваквата едукативна програма е дизајнирана да биде комплементарна со обуките што ги нудат националните членки на IAB Europe. Програмата ќе вклучува:
Обука водена од експерти – Курсевите се развиени и водени од експерти на IAB Europe, обезбедувајќи длабок увид и практично знаење што можете веднаш да ги применувате во вашето деловно работење;
Интерактивно искуство за учење – На учесниците ќе им биде понуден целосен пристап до платформата за учење IAB Europe Academy, каде што учесниците ќе можат да истражуваат материјали прилагодени на содржината на курсот. Покрај тоа, интерактивните сесии во живо даваат можност за директна интеракција со материјалите, поставување прашања и стекнување сознанија во реално време. Овие комбинирани ресурси им овозможуваат на професионалците за дигитално огласување да ја добијат потребната поддршка за самоуверено и успешно да напредуваат во својата едукација;
Прилагодени содржини – Академијата на IAB Europe нуди уникатно приспособена содржина, покривајќи ги најновите сознанија за клучните индустриски теми. Овие содржини ќе се ажурираат на секои три месеци за да бидат во чекор со дигиталниот пејзаж кој постојано се менува и се дизајнирани да ги задоволат специфичните, тековни потреби на секторот, обезбедувајќи применливо знаење кога е најпотребно.
Засега, IAB Europe Academy ќе понуди можности за обука во областите на малопродажните медиуми и одржливоста на животната средина. Со фокусирање на овие релативно нови области кои сè уште се развиваат, целта е да се отворат нови хоризонти во дигиталното огласување и да се покаже посветеност во промовирањето на овие иницијативи.
Дознајте повеќе за Академијата на IAB Europe на следниот ЛИНК.