Тимот на 47-от американски претседател Доналд Трамп го објави новото лого на Белата куќа, претставувајќи покласична претстава на најпознатата резиденција во САД.

Секоја администрација добива ново лого по преземањето на функцијата, а верзијата на Трамп носи посебна естетска промена, можеби за да ја нагласи неговата визија за „златното доба“ за нацијата.
Додека верзијата на Бајден значително ги нагласуваше столбовите и ѕидовите на градбата, создавајќи робустна и унифицирана силуета со помалку детали. Новиот дизајн одразува поелегантен структурен изглед, надополнет со мал „патриотски“ допир на боја.
Имено, највпечатливиот елемент се наоѓа на врвот на зградата – детално изведено американско знаме во боја, како смел контраст на монохроматското опкружување. Во претходното лого на Бајден, знамето беше претставено само како силуета.

Деталните архитектонски елементи во новиот дизајн, во комбинација со истакнатото знаме, сугерира фокусирање на институционалната грандиозност и конзервативниот патриотизам кои ги пропагира старо-новиот претседател Доналд Трамп.