Овогодишното издание на меѓународниот огласувачки фестивал Golden Drum ќе се одржи на 13 и 14 октомври во Порторож, Словенија. Конкурсот за пријавување на креативни проекти е веќе отворен, а промотивната понуда Super Early Bird трае до 25 април.
Во меѓувреме, фестивалот Golden Drum го објави составот на стручното жири за натпреварувачката секција “Creative Business Excellence” („Креативна деловна извонредност “). Оваа секција им оддава признание на креативните деловни решенија кои направиле импакт врз брендови, проекти или кориснички искуства. Оваа категорија е наменета да ја претстави деловната извонредност на креативен начин и да ги награди проектите кои демонстрираат извонредни решенија што ја преобликуваат деловната индустрија и постигнуваат мерливи деловни резултати.
Претседател на жирито ќе биде Ентони Челванатан, глобален креативен партнер и генерален креативен директор во Edelman Canada, кој се наметнува како визионерска сила што поттикнува креативни иновации и стратешко лидерство ширум глобалниот креативен тим на Edelman. Во текот на неговата кариера, Ентони има освоено импресивен број од над 500 меѓународни награди, вклучувајќи 59 Кански лавови и бројни награди од D&AD, The One Show, ADC, Communication Arts, LIA и Clio.
Здружувајќи ги силите со него, престижна група креативни лидери ќе ги оценуваат најдобрите иновации во креативното изразување:
- Алеш Брихта, извршен креативен директор, Triad Advertising, Чешка
- Никола Готи, генерален креативен директор и партнер, Bitmama Reply & Reply Ai Studios, Италија
- Џени Елизабет Кајзер, независен член – поранешен извршен директор на Åkestam Holst NoA, Шведска
- Хлони Мохопе, генерален маркетинг директор, KFC, Централна и Источна Европа
- Госија Нироџинска, партнерски маркетинг креативец, Netflix, Централна и Источна Европа
- Андре Педросо, генерален креативен директор, MullenLowe Delta, Еквадор
- Луција Петрашова, генерален директор за бренд и комуникации, O2 Словачка
- Елена Плахова, генерален директор за репутација и маркетинг, Nova Post Group, Украина
- Јан Седерлоф, извршен креативен директор, N2 Creative, Финска
- Марцин Сосински, генерален креативен директор за Полска и ЦИЕ, Dentsu Creative
„Вистинската моќ на нашата работа се мери според влијанието што го создава во светот. Успева кога човечките предизвици се вкрстуваат со смели решенија, каде што идеите – не буџетите или индустриите – ја поттикнуваат креативната извонредност напред. Како претседател на жирито за креативна деловна извонредност на Golden Drum 2025, чест ми е да им се придружам на визионерските лидери во препознавањето на идеите кои ги поместуваат границите, ја спојуваат стратегијата со иновациите и поставуваат нови одредници за успех. Со нетрпение ги очекувам разговорите што ќе ја обликуваат иднината на нашата индустрија“ – посочува претседателот на жирито, Ентони Челванатан.
Повеќе информации за фестивалот Golden Drum, достапните натпреварувачки категории и начинот на пријавување, се достапни на следниот ЛИНК.