Јубилејното 30. издание на Меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum ќе се одржи на 9 и 10 октомври 2024 година во Порторож, Словенија. Конкурсот за пријавување на креативни проекти е веќе отворен, а промотивната понуда Super Early Bird трае до 26 април.
Во меѓувреме, од Golden Drum го објавија составот на жири-комисијата која ќе ги оценува креативните дела пријавени во натпреварувачката секција “Craft”. Оваа секција им за цел да им одаде признание на креативната извонредност и брилијантната изведба во одредени клучни сегменти од процесот на продукција во огласувањето и комуникацијата. Наградите во оваа секција ги промовираат најдобрите практики кои помогнале да се подигне нивото на стандардите на „занаетчиството“ во индустријата. Секцијата има 4 групи со повеќе категории: Industry Craft, Motion Craft, Digital Craft и Innovation Craft.
Жирито за секцијата Craft ќе го предводи Пум Лефебур, ко-основач и главна креативна директорка во Design Army од САД.
Во оценувањето на пријавените дели, нејзе ќе ѝ се придружат уште и:
- Катја Арвеладзе – арт директор и раководител за дизајн, Saatchi & Saatchi Tbilisi, Грузија;
- Вета Шацијоану – основач и извршен продуцент, Picky Productions, Грција;
- Андреј Кон – креативен партнер, креативна мрежа Cohn & Jansen, Романија;
- Јуре Коренч – креативен директор, Агенција 101, Словенија;
- Патрик Партл – сопственик и креативен директор, Brokkoli Advertising, Австрија;
- Костанца Роси – глобален крафт партнер, Grey Group, Обединето Кралство;
- Маја Розенфелд – директор за дизајн и партнер во KID Design Riga од Латвија и вонреден професор и раководител на одделот за графички дизајн при Уметничката академија на Латвија;
- Андреј Тјукавкин – глобален извршен креативен директор, LePub и генерален директор за иновации и искуство, Publicis Groupe CEE, Италија.
„Што е занаетчиството? Тоа значи нешто сосема различно за секој креативец, без разлика дали е дизајнер, режисер или специјалист за типографија. Но, заедничко за сите нив е страста. Тоа е нешто опипливо што сакате да го почувствувате кога ќе бидете сведоци на големо уметничко дело или кога ќе слушнете парче неверојатна музика за прв пат. Не само што можете да ја цените креативноста и визијата, туку можете да ја видите внимателната изведба во секој мал аспект на делото. Секогаш слушаме дека дизајнот е во деталите, но тоа не е точно – дизајнот е самите детали. Тоа е она што го прави добриот дизајн одличен. Тоа е уште поважно бидејќи многу уметници сега живеат во свет каде што вештачката интелигенција може да направи речиси сè што може да направи човек. Но, занаетчиство? Тоа е човечкиот елемент што не може да го сфати. Од тие причини, јас сум неверојатно возбудена што ќе бидам претседателка на жирито “Craft” за наградите Golden Drum во 2024 година и едвај чекам да ја видам страста на многуте добри уметници“ – изјави преетседателката на жирито, Пум Лефебер, ко-основач и генерална креативна директорка во Design Army од САД.
Повеќе информации за фестивалот Golden Drum, неговите категории и начин на пријавување, се достапни на следниот ЛИНК.