Најголемиот производител на овошје и зеленчук во светот Dole лансираше нова кампања со цел промоција на своите „чинии со овошје во сок“ (нам ни личи на компот), главно наменети за деца.
Кампањата претставува серијал од неколку кратки хумористични спотови кои прикажуваат како деца кои јадат овошје се способни да прават извонредни, надреални подвизи поврзани со природата.
Притоа, пред децата да го направат подвигот, тие ја подаваат својата чинија со овошје до личноста која е најблиску до нив со зборовите „Придржи ми ја чинијата со овошје“ (“Hold My Fruit Bowl”), во стил на „чеј малце јас да ти покажам“. :)
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Erich and Kallman.