Смогот, селфињата и животот во градовите ја зголемуваат побарувачката за козмерика, вели Жан-Пол Агон, извршен директор на најголемата светска козметичка компанија Лореал
Овие трендови му помогнаа на гигантот за козметика да ја зголеми продажбата за дури седум проценти во првата половина од оваа година, со скок на приходите од 12 проценти на приближно 2,9 милијарди евра.
Загаденоста во градовите влијае на оштетување на кожата и косата, поради што козметичките компании задоволно да ги тријат рацете, бидејќи расте продажбата на шампони, балсами, хидратантни креми и слични производи. Покрај тоа, како што вели извршниот дирекор на Лолеал, Жан-Пол Агон, животот во градот носи со себе многу излегување и дружење, што ги поттикнува потрошувачите што повеќе да користат производи за убавина, а притисокот на милениумците да бидат што е можно послични меѓу себе на нивните фотографии објавени на Инстаграм и другите социјални мрежи во последните години, има голем позитивен ефект врз продажбата во рамките на компанијата.
„Ако користите филтри за да изгледате подобро на Интернет, мора да направите нешто и во реалниот живот за да изгледате подобро. Затоа користете повеќе козметика, повеќе шминка, водете повеќе сметка за лицето и кожата“, објаснува Агон.
Во својата групација, Лореал ги има и брендовите Lancome, Kiehl’s и Garnier, а токму загадувањето, дигитализацијата и социјалните мрежи се нагласуваат како двигатели на растот во нивната стратегија. Покрај тоа, растот на урбаното население, кое се предвидува да порасне на пет милијарди до 2030 година, исто така се смета како дополнителна придобивка за нивното работење.