Приходите од мобилното огласување во 2013 година достигнаа 14,6 милијарди евра на глобално ниво, известува IAB Europe. Најголем раст е забележан во Јужна Америка – дури 215% во однос на претходната година, потоа Северна Америка со раст од 122%, додека пак Европа е на третото место со раст од 90%.
IAB Europe, U.S. IAB Mobile Marketing Center of Excellence и IHS Technology ги објавија податоците за приходите остварени од мобилно огласување, кои во 2013 година пораснале за неверојатни 92% и со тоа достгнаа вредност од 14,6 милијарди евра. Приходите од мобилното огласување во 2012 година иснесуваа 7,6 милијарди евра. Ваквиот пораст на приходот го прават мобилното огласување многу важен учесник на пазарот.
Најголемиот раст од 123,4% припаѓа на мобилното дисплеј огласување, потоа огласувањето преку мобилно пребарување (mobile search) со 92,1%. Пенетрацијата на паметните телефони е најзаслужна за растот на пребарувањата на мобилните уреди, бидејќи корисниците се’ повеќе ги пребаруваат локалните бизниси додека се во движење. Размената на инстант пораки пораснала за 19,4%, поради миграцијата на алтернативни платформи.
Пребарувањето на мобилните телефони останува доминантен сегмент со 48,9% од вкупниот приход од мобилното огласување во 2013 година (7,1 милијарди евра), додека уделот на дисплеј огласувањетп 41,5% (6 милијарди евра). Размената на пораки има удел од 9,6%, што претставува вредност од 1,4 милијарди евра.
Уделот во вкупната потрошувачка по региони на глобално ниво за 2013 година:
- Северна Америка: 41,9%
- Азија-Пацифик: 38,9%
- Европа: 17,3%
- Блискиот Исток и Африка: 1,2%
- Јужна Америка: 0,7%
Растот од година во година е многу голем, предводен од Јужна Америка која достигна раст од дури 215% во однос на 2012 година.
Комплетниот извештај за состојбата на пазарот во 2013 година можете да го превземето од сајтот на IAB Europe.