Најдобрите проекти на агенциите оваа година ги избира жири составено од огласувачи
BalCannes, регионалната ревија на најдобрите агенциски кампањи, на почетокот на јуни го најавува отварањето на пријавите за петтото издание на BalCannes, кој традиционално ќе се одржи на Викенд Медиа Фестивалот во Ровињ. Иако на официјалната страница на BalCannes правилникот со новите прописи за натпреварување ќе биде објавен во јуни, агенциите уште сега можат да започнат да ги подготвуваат своите најдобри проекти.
Голема новина на овогодинешното издание на BalCannes ќе биде жири комисијата составена од претставници на огласувачите, некои од најдобрите во регионот, што е дополнителен мотив за сите агенции да ги пријават своите кампањи и да ги импресионираат клиентите кои на BalCannes секоја година се се` повеќе присутни и кои будно ги следат успесите на агенциите. Воедно, со тоа на огласувачите им е дадено уште поголемо значење на фeстивалот.
Бидејќи квалитетот на пријавените кампањи од година во година расте, новото жири го чека тешка работа да ги одбере најдобрите проекти од рагионалниот пазар. Потсетуваме дека најинтересните 25 кампањи, претставниците на агенциите ќе можат лично да ги претстават со петминутна презентација во главната сала на Викенд Медиа Фестивалот во ударен термин.
Организатори на BalCannes се HURA (Хрватско здружение за деловно комуницирање) и Weekend Media Festival.
Повеќе информации за BalCannes на www.balcannes.com.