Крајниот рок за пријавување на меѓународниот адвертајзинг фестивал Golden Drum е продолжен до 1 септември.
Овогодишното издание на фестивалот ќе се одржи виртуелно, од 13 до 15 октомври, под мотото RE:START THE FUTURE („Рестартирајте ја иднината“).
Оваа година се воведени неколку промени во фестивалската структура, па така наместо досегашните две натпреварувачки категории WHAT и WHY, за овогодишното издание се предвидени четири основни категории: One-Channel, Omni-Channel, Craft и Creative Business Excellence Drum.
Покрај нив, предвидена е и една специјална категорија All Juries, односно заеднички награди од сите жирија кои ќе се доделуваат на кампањи кои се фокусираат на локалниот дух, општественото добро, но и проекти создадени како одговор на пандемијата на корона вирусот.
На фестивалот можат да се пријават сите креативни решенија кои се за прв пат емитувани, објавени или применети во периодот од 1 јануари 2019 година до 1 септември 2021 година.
Сите заинтересирани може да прочитаат повеќе за фестивалот и да го пријават своето учество на следниот линк.