Киевскиот меѓународен адвертајзинг фестивал (KIAF) е дел од најпознатата украинска платформа за лансирање креативни идеи и иновативни решенија
Брендот Marodi и агенцијата Bruketa&Žinić&Grey за проектот „Приказна вредна секоја буква“ („Priča koja vrijedi svakog slova“) ја освоија наградата „Best of Contest“ на 25-то издание на Киевскиот меѓународен адвертајзинг фестивал во Украина во категоријата „CREATIVE COMMUNICATIONS/PRINT & PUBLISHING/CONSUMER GOODS/FMCG“.
Инспирацијата за проектот „Приказна вредна секоја буква“ произлезе од фактот што Меѓуморското пеење од Хрватска беше вклучено во Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото во 2018 година и ќе остане заштитено на неа се додека се користи. Со цел да се придонесе кон зачувувањето на овој тип пеење, создадено е ограничено издание на збирка од пет книги меѓуморски песни – „Приказна вредна секоја буква“, во која секоја книга доаѓа со посебно пакување абецедни тестенини за супа од Marodi со точниот број на букви кои ја сочинуваат песната.
Во продолжение погледнете ја видео презентацијата на проектот:
Киевскиот меѓународен адвертајзинг фестивал прифаќа проекти од целиот свет во сите креативни области со фокус на огласувањето. Овогодинешното доделување на награди се одржа од 30 до 31 мај 2024 година, а целата листа на добитници на награди можете да ја погледнете на следниот ЛИНК.