После дваесетина години, популарниот бренд на чипс Pringles го промени изгледот на својата маскота – мустаклијата познат како Julius Pringle, или скратено – Mr. P.
Маскотата сега има „почист“ изглед, со помалку детали, повеќе во духот на современите емотикони. Мустаќите се чисто црни без дополнителни линии, очите го изгубија „сјајот“, косата повеќе ја нема, но лицето доби нагласени веѓи.
Црвената „лептир-машна“ сега доби поголеми димензии и посиметричен фронтален изглед, а во полето кое го формира е испишано новото лого на Pringles.
Цилиндричното пакување исто така добива почист изглед, без дополнителните „шарени“ елементи, но со дизајни кои поразиграно го претставуаат вкусот на различните видови чипс.