Популарниот бренд на чипс Pringles отпочнува глобална ревизија на своите креативни огласувачки активности и резултати.
Долгогодишен и актуелен креативен партнер на Pringles се агенциската мрежа Grey Group, дел од групацијата WPP. Нивното партнерство трае веќе 27 години, а последната агенциска ревизија се случила во 2013 година, кога Grey Group успеле да обезбедат продолжување на соработката со Pringles.
Тогашната ревизија се случи една година по преземањето на брендот Pringles, тоа време во сопственост на Procter & Gamble, од страна на Kellogg’s во 2012 година.
Меѓутоа, нешто повеќе од една деценија подоцна, во 2023 година, Kellogg’s се подели на две компании: WK Kellogg Co и Kellanova, при што популарниот бренд на чипс Pringles се најде под чадорот на оваа втората. Следствено, се наметнала потребата од глобална ревизија на агенциските партнерства.
„Во Kellanova, ние високо ги цениме нашите сегашни партнери и нивната експертиза. Како што продолжуваме со глобална ревизија за проценка на нашите креативни агенциски партнери, ние сме посветени на одржување на транспарентни и фер процеси. Оваа одлука е стратешки чекор кон зајакнување на нашите способности и усогласување со нашите долгорочни цели“ – објаснуваат од компанијата.