(РЕГИОН) – На завршната церемонија на 24-тото издание на Словенечкиот огласувачки фестивал (СОФ) кој се оддржа во Порторож, наградата за агенција на годината, втора година по ред, ја доби Пристоп.
Огласувач на годината е Дрога Колинска / Атлантик Група, а најефикасен бренд – “Зелена Долина“ на Млекарата Целеиа. Признанието за најдобра продукциска куќа на филмски огласи припадна на агенцијата Супер 16, а за најдобра продукциса куќа на радио огласи е прогласена агенцијата Завод Радио Студент.
Агенцијата Пристоп освои четири награди и тоа во категориите дигитални комуникации, интегрирани кампањи, онлајн маркетинг и брендирана содржина. Наградите на 24.СОФ освоија и агенциите Leo Burnett, Formitas BBDO, VGB, Zavod Radio Student и Mayer McCann.