Несомнено е дека дигиталниот пазар е преполн со ‘’змии’’..и тој проблем не треба да се премолчува, туку треба да се работи на негово решавање!
Дигиталното рекламирање е хаотичен синџир со проблеми (измами, спам, Messenger bots и ad-blocker –и ) кои се чини дека достигнуваат нивоа на епидемија која се шири на Интернет просторот. Додека дигиталното трошење се зголемува и се проектираат податоци дека истото во светски рамки ќе ги надмине ТВ медиумите во 2017, годишните трошоци за бројните измами во ова поле растат со уште поголем интензитет и брзина, со вкупни трошоци од милијарди долари само во САД.
Интерактивното Биро за рекламирање (ИАБ) ги проценува измамите во поглед на рекламите и блокирањето на рекламите во однос на трошоците за медиумските индустрии на $5.8 милијарди во 2015.
Бројни студии детерминираа дека околу 33% од целокупниот Web сообраќај не е точен: вирусите континуирано напаѓаат компјутери и ги програмираат истите да посетуваат други сајтови, адвертајзерите се насочуваат кон зголемени трошоци за непостоечки сообраќај, уредите постојано се напаѓаат со реклами кои не резултираат со гледања а излегуваат во позадината на поголем број на сајтови кои секојдневно ги посетуваме. Сте се соочиле ли со овој проблем додека читате новости на некој веб портал или пак додека ги пребарувате омилените серии или играни филмови на on-line пребарувачите? Сигурни сме дека да!
Проценето е дека дури 70 милиони Интернет корисници во САД или 26% од целокупната популација во САД во пребарувачите користи блокатор на реклами и адсови, а оваа бројка континуирано бележи раст. Трошоците за адвертајзерите се наведува дека ќе бидат повисоки од $1 милијарда во 2016.
FraudLogix изјави дека 50% од импресиите за адсови преку Internet Explorer, и 20% од истите кои се појавиле на пребарувачот на Google (Chrome) не биле направени од страна на човечки фактор
Во 2015 година, White Ops и ANA, партнери на Bot Baseline извештајот, проценуваат дека маркетинг индустријата ќе изгуби приближно $7.2 милијарди глобално поради постоењето на т.н. ад ботови во 2016 година.
Светската маркетинг федерација проценува дека во текот на следната декада, лажниот Интернет сообраќај и шемите поврзани со него ќе бидат втори по важност измами веднаш по нелегалната трговија и организираниот криминал како дел од нелегалните извори на профит.
Генералниот менаџер на ANA, Bob Liodice ја опишува состојбата во оваа индустрија во моментот како непродуктивна, неодржлива и непосакувана. Тој предлага формирање на Комитет за решавање на овие проблеми.
Новата иницијатива ги повикува CMO-ата кон вклучување во овој нов пристап со цел трансформирање на предизвиците во маркетинг индустријата (набавка, приватност, адсовите кои служат за измама на корисниците, гледаноста и транспарентноста). Во овој момент потребни се јасни акции – не само комитети.
Првиот чекор кон изнаоѓање на решение е признавањето дека постои проблем.
Колективната институционална меморија може да служи како поука во случајот.
CMO-ата можеби немаат потреба од комитет за дигитален адвертајзинг, нив потребна им е дигитална интервенција во оваа област бидејќи станува факт и способноста за градење на брендови на поголемиот број на дигитални медиумски платформи – проблем за кој сме сведоци дека се дебатира постојано.
Последниот чекор во процесот на дигитално рекламирање можеби побарува и откажувања.Не двоумете се да ја убиете ‘’змијата’’ осносно да ги елимирате не ефективното трошење за дигитално рекламирање на местата каде што изгледа дека парите само одат во бездна и сконцентрирајте се на медиумите каде огласите покажале реални резултати за тоа што е најбитно. Вас не Ви требаат поголеми бројки на импресии – Вас Ви требаат поголеми бројки на приходи и остварени профит!