ПроКредит Банка денеска на настан во Скопје го најави почетокот на својот нов бизнис потфат – лансирање на Бизнис Академија (ЛИНК) за поддршка на локалните бизниси со фокус на мали и микро претпријатија.

Како што беше кажано на настанот, Академијата ќе биде бесплатна за посетителите и истата е креирана за градење на клучни претприемачки вештини кај бизнисите кои имаат амбиција за раст и развој.
На настанот беше споделено дека Бизнис Академијата на ПроКредит ќе се состои од пет модули: Интерно претприемништво; Комуникациски вештини и Growth Mindset; Разбирање на финансиски концепти; Дигитална транформација и Продажба за мали бизниси. Обуките ќе се реализираат во периодот април – октомври 2025 година, а секој модул ќе трае еден работен ден во месецот.
Самите модули ќе се реализираат во соработка со експерти и консултанти од консултантската компанија Alphabet Group кои имаат долгогодишно искуство во работа со мали претпријатија за подобрување и унапредување на нивниот бизнис, а нејзините основачи имаат и претходно банкарско искуство во неколку големи банкарски системи од регионот.
Сите заинтересирани можат да аплицираат до 30 март 2025 на веб сајтот посветен на Академијата кој може да се погледне на следниов ЛИНК.