„Procter&Gamble” постигна договор за преземање на потрошувачкиот сегмент за грижа за здравје од германската фармацевтска компанија „Мерк КГаА (Merck KGaA’) ” за околу 3,4 милијаради евра.
Претставниците на P&G за оваа одлука велат дека ќе овозможи проширување на портфолиото производи од категоријата производи за грижа за здравје, во чиишто рамки ќе продолжат да се развиваат брендовите на „Мерк” – Femibion, Neurobion, Nasivin и Seven Seas.
Договорената цена потврдува дека „Мерк” ја намалил од првобитните 4 милијарди евра, што, како што пренесува „Ројтерс”, била превисока цена за потенцијалните купувачи „Нестле”, „Периго” и „Штада Ајцнајмител”.
Како дел од трансакцијата, околу 3.300 вработени во „Мерк” ќе продолжат да ги извршуваат работните задачи и кога „P&G” официјално ќе стане нивни работодавател.