Компанијата воведе преводи во рекламите за да им овозможи на луѓето со различно ниво на оштетен слух пристап до истите информации што ги добиваат сите други луѓе.
За луѓето со оштетен слух, дури и секојдневните активности, како што се гледање телевизија, претставуваат предизвик. Во повеќето случаи, ова создава сериозен проблем кога станува збор за еднаков пристап до информациите. За да го сврти вниманието на ова прашање и да создаде поинклузивен свет, компанијата Procter&Gamble, чие портфолио вклучува брендови како „Gillette“, „Pantene“ и „Fairy“, започна да ја креира својата содржина на начин што ја прави достапна и разбирлива за лицата со попречености.
Почнувајќи од јули, компанијата воведе преводи во рекламите за да им овозможи на луѓето со различно ниво на оштетен слух пристап до истите информации што ги добиваат сите други луѓе. Првите брендови на P&G што ги лансираа титлуваните ТВ реклами се Always, Fairy и Lenor, што претставува еден чекор поблиску до целта за создавање поинклузивен свет.
„Би сакале да им се заблагодариме на нашите партнери, телевизиските станици и агенции. Единствениот начин на кој ќе можеме да го направиме нашиот свет поинклузивен е ако сите клучни чинители во оваа индустрија ги здружат силите. Нашето патување само што започна, но ние сме решени да ги продолжиме нашите напори да бидеме сила за раст и сила за добро и да водиме со пример со тоа што ќе ги поканиме другите да се придружат и да дејствуваат на ист начин“, изјави Маријана Кордопати, директорка на P&G за маркетинг и комерцијални работи за југоисточна Европа.