Меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum соопшти дека рокот за пријавување на кампањи е продолжен до 1 септември 2023 година, така овозможувајќи им на агенциите повеќе време за да бидат дел од креативниот натпревар на фестивалот и да се приклучат на рангот на креативни иноватори од целиот свет.
Сите пријавени кампањи ќе бидат разгледувани и оценувани од меѓународни жири-комисии, составени за натпреварувачките категории: ONE-CHANNEL, OMNI-CHANNEL, CRAFT, CREATIVE MEDIA EXCELLENCE, CREATIVE BUSINESS EXCELLENCE и ALL JURIES.
Овогодинешното издание на натпреварот носи и неколку новитети – сосема нов натпреварувачки столб Creative Media Excellence Drum, а со тоа и нова награда за најдобра медиска агенција на годината. Ново додадена кон натпреварот е и натпреварувачката група Game Changer – отворена за учесници од целиот свет, а посветена на кампањи што ги надминуваат границите на традиционалното огласување преку идеи, концепти и реализација, така поставувајќи нови глобални стандарди во креативната индустрија.
За сите оние кои сакаат да се пријават на натпреварот, а имаат нејаснотии околу натпреварувачкиот систем и процесот на пријавување, достапен е посебен Прирачник за таа намена на следниот линк. За сите прашања поврзани со натреварувачкиот процес, заинтересираните учесници можат да се обратат и на електронската адреса entries@goldendrum.com.
За секои 10 поднесени кампањи, Golden Drum доделува и бесплатна делегатска карта (10 + 1 понуда) за присуство на фестивалот и следење на сите негови содржини.
Пријавувањето за натпреварувачкиот дел на Golden Drum се врши преку специјализирана онлајн платформа достапна на следниот линк.
Од фестивалот исто така потсетуваат дека во тек е пријавувањето и за натпреварот за млади креативци Young Drummers, чиј краен рок е 12 септември. Повеќе информации за „младите барабанџии“ се достапни на овој линк, а пријавувањето се врши преку платформата на следниот линк.
Меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum ќе се одржи на 9 и 10 октомври 2023 година во Порторож, Словенија.