Се наближува 13. издание на SoMo Borac, на кое ќе бидат наградени најдобрите ригионални дигитални проекти во сферите на медиумите и огласувањето. А, доколку сè уште не сте го пријавиле вашиот проект за SoMo Borac, не паничете – рокот е продолжен до вторник, 30 септември!
Искористете ги дополнителните денови за да ја „исполирате“ вашата апликација и да му го покажете на жирито вашето најдобро – оригиналност, креативност, квалитет на изведба и резултати.
Пријавувањето на проектите се врши на следниот ЛИНК.
Освен натпреварувачкиот дел, SoMo Borac и оваа година ќе биде проследен со целодневна коференција на 24 октомври во Центарот за настани „Мозаик“ во Загреб. Конференцијата ќе ги обедини водечките регионални експерти од областа на маркетингот, медиумите и агенциите, носејќи најнови трендови и инспиративни приказни од индустријата.
Учесниците ќе добијат конкретни совети како да ги решат предизвиците со кои се соочува индустријата, промените што ги носи вештачката интелигенција, како и можност за поврзување со врвни професионалци од регионот и пошироко. Имињата на првите говорници се веќе објавени ТУКА.
Главен спонзор на SoMo Borac четврта година по ред е Aleph, додека трета година по ред соорганизатор на SoMo Borac е Хрватската асоцијација на дигитални издавачи (HUDI). Сите новости во врска со овогодинешното издание можете да ги следите преку билтенот на SoMo Borac, односно на официјалните страници на Facebook, Instagram и LinkedIn.