Пријавите на проектите на натпреварот Croatia Effie 2018 се продолжени од 22 февруари на 1 март, со што со што на апликантите ќе им се даде повеќе време за квалитетна подготовка на пријавите. Според мислењето на огласувачите од истражувањето на Ипсос од 2016 година, Effie се најважните стручни награди во Хрватска.
Effie ја слави ефикасноста на маркетинг комуникациите и веќе деветта година се наградуваат огласувачите и агенциите кои со својот стратешки пристап, креативна комуникација и реализација на идеи, особено се истакнале во сегментот на маркетинг активностите и постигнатите резултати на пазарот.
Оваа година во натпреварувањето Effie се воведени новитети и посебен акцент е ставен на долгорочната ефикасност. Во оваа категорија, може да се пријават проекти чија комуникација била успешна во период од три или повеќе години. Исто така, се воведени промени во начинот на оценување, жирито покрај бодувањето, ќе внесе и квалитативни белешки. Описните оценки и коментари на жирито ќе обезбедат поквалитетни повратни информации за учесниците и ќе ги појаснат причините за избор на победникот.
Жирито брои дваесет членови предводени од Иван Шувар, маркетинг директор во Загребска Пивара, добитник на минатогодишната Гранд при награда за проектот “Почешај ги со причина”. Покрај него, жирито вклучува и некои од најдобрите и најискусните маркетинг експерти во Хрватска кои доаѓаат од огласувачите и агенциите: Весна Влаховиќ-Дашиќ (Coca-Cola Adria), Нина Пентек (Erste & Steiermärkische Bank), Бранка Бајт (Hrvatski Telekom), Дарко Пејновиќ (Pliva), Филип Рабузин (Heineken Hrvatska), Владимир Гњидиќ (METRO Cash & Carry), Дино Бијац (Adria Snack Company), Звонимир Секи (Jamnica), Крешимир Ренцо Просоли (Real grupa), Марио Ловриќ (Universal McCann), Марко Матејчиќ (MediaCom), Ева Ренер (Dentsu Aegis Network), Динко Брчиќ (BBDO Zagreb), Дина Дретвиќ (Imago Ogilvy), Маша Иванов (Bruketa&Žinić&Grey), Вања Шебек (Dibs), Вања Берталан (web.burza) и Анте Шалиновиќ (Ipsos Adria).
Наградите Effie ќе се доделат на Деновите на комуникации во Ровињ, централниот национален фестивал за деловни комуникации, кој ќе се одржи од 12 до 15 април во Хотел Лоне.
Организаторите ги покануваат заинтересираните да ги пријават своите проекти на престижното натпреварување Croatia Effie, а сите детали за пријавувањето се наоѓаат на следниот линк.