Монголскиот телекомуникациски провајдер Unitel го нагласува широкиот досег на своите мрежни услуги и неговата мисија да ги зближи луѓето преку комуникација
Повеќе од кој било друг период од годината, празниците ги зближуваат луѓето. Токму на време за празниците и сезоната на заедништво, монголскиот телекомуникациски провајдер Unitel ја лансираше “Shine On” („Продолжете да блескате“) – емотивна кампања која ги охрабрува луѓето да кренат телефон и да се поврзат со саканите во новата година.
Централниот рекламен спот прикажува дете во некое далечно номадско село во северна Монголија, кое се спријателува со преслатко магично ирвасче. Откако ирвасчето ќе го види разочарувањето кај момчето поради отсуството на неговиот брат за време на Новата година, тоа решава да најде магичен начин како да ги поврзе браќата, а заедно со нив и сите останати низ целата земја.
Преку кампањата “Shine On”, тимот на Unitel сакал да создаде емотивен момент, истовремено прикажувајќи како компанијата им помага на семејствата и пријателите да останат во контакт. Кампањата беше лансирана на национално ниво во Монголија, при што прикажаното магично ирвасче и холограмската елка инспирирана од Северната светлина се појавиле на повеќе од 75 локации низ земјата.
Кампањата е создадена од внатрешниот креативен тим на компанијата.