Практичната вредност на елетронската трговија е самоевидентна – со неколку кликови на компјутер или мобилен телефон, нарачаните добра ги добивате дирекно на врата. Особено корисно кога сакате да го лимитирате контактот со луѓе во одредени услови како, на пример, глобална пандемија. Затоа не треба воопшто да чуди деценискиот развој кој елетронската трговија го забележа во само неколку месеци.
Но, за целиот тој систем совршено да функционира, од клучно значење е квалитетот на сервисот за достава, неговата доверливост, сигурност и брзина. Тука во сликата се појавува DHL, кој во новата кампања го признава предизвикот на забрзаниот развој на електронската трговија, но истовремено ги охрабрува луѓето да „продолжат да кликаат“.
Централниот спот во новата глобална кампања на логистичката компанија и брза пошта DHL го илустрира развојот на електронската трговија од крајот на 90-тите години на минатиот век, па сé до денешниот забрзано дигитализиран свет и непрестајниот тек на електронската трговија. Нарацијата во рекламата е на англискиот актер Том Холандер, чиј ритмичен глас совршено го комплементира патешествието на гледачот низ историјата на е-трговијата.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција 180 Amsterdam.
Продолжете да кликате!