Популарниот бренд на рум Captain Morgan ја отпочна својата нова глобална кампања насловена “Spice On” (“Продолжи да зачинуваш”).
Наратор на првиот рекламен спот од кампањата е британскиот рапер, готвач и телевизиски презентер Биг Зу, кој раскажува за различните начини на кои луѓето додаваат свој “зачин на масата”. Сепак, некои од овие методи на “зачинување” се малку поуникатни од останатите.
“Зачинот е она што Captain Morgan го прави вкусен, а во нашето ново глобално позиционирање ние го ставаме фокусот на ‘зачинот’ како колективна порака да се биде свој” – посочи Самори Гамбра, глобален бренд директор на Captain Morgan.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Anomaly и продукциската куќа Friend London. Имплементацијата на кампањата започна од Обединетото Кралство, по што ќе се прошири низ Европа и на другите светски пазари.