(РЕГИОН) – Хрватското здружение на агенции за деловно комуницирање (HURA) ги објави резултатите од годишниот HURA Media AdEx, според кој огласувачите во 2015 година во закуп на огласувачки простор кај примарните комуникациски канали: телевизии, печат, магазини, радио, постери и интернет вложиле вкупно 1.452.000.000,00 куни (околу 193,967,747 евра) што е за 3,1% повеќе во однос на претходната година, со што огласувањето втора година по ред бележи пораст.
За полесна орентација со цифрите имајте на ум дека 1 евро отприлика е 7,5 куни.
Исто така веќе втора година по ред интернет огласувањето бележи значаен раст, во однос на 2014 година, порастот е дури 43,6%. Пораст е забележан и во сегментот на телевизиско огласување како и класично display огласување додека пад од -10,4% е забележан во вложувањата во огласување преку печатот, со што овој негативен тренд продолжува и во однос на 2014 година.
Резултатите ги искоментира Божидар Абрамовиќ, член на Управата на HURA и раководител на медиската секција која го припреми HURA Media AdEx истражувањето: “Резултатите од AdEx ги рефлектираат позитивните трендови во нашата индустрија за кои се надеваме дека ќе продолжат и понатаму. Зголемените инвестиции на огласувачите повторно ја потврдуваат важноста на огласувањето и дополнителната вредност која ја носи на нивните компании и бизнис“
Податоците за 2015 година покажуваат продолжување на доминацијата на огласувањето во телевизија во вкупниот волумен на огласување каде телевизијата предводи со удел од 51%, а после тоа следат печатот (18,9%) и интернет огласувањето (11,6%).
Податоците претставуваат процена на нето инвестициите во ATL огласувањето по типот на медии, во милиони куни, според стручна процена на оделот за медии во HURA. Проценката не ја вклучува креативата, продукцијата и специјалните формати.
Примарни извори на податоци за проценка се:
- MediaPuls (IpsosPuls)
- AGB Nielsen
- FINA
- Медиските агенции кои членуваат во HURA
Графичкиот приказ на Media AdEx анализата за 2015 година во однос на претходните години е достапна на следниов ЛИНК