Product placement е advertising техника која што компаниите ја користат за субтилно промовирање на нивните производи во филмови, песни, видеа итн.. Најчесто компаниите плаќаат одредена сума на парични средства кои што можат да достигнат и до милионски суми но можат исто така да склучат договор со продуцентската куќа и да извршат достава на нивните брендови во замена за нивно вметнување/изложување (како што е примерот со Nike која што редовно извршува достава на јакни, патики, ранци кои ги користат актерите во самиот филм и притоа не плаќа ниту цент). Целта на вметнувањето на брендовите во филмовите, видеата, спотовите и песните е најпрвин отргнување од традиционалниот advertising и дофат на одредена таргет група преку овој начин на комуницирање со потрошувачите.
Најчесто се користи за зголемување на brand awareness и охрабрување на потенцијалните купувачи. Се смета дека потрошувачите стануваат се поблиски до брендот кој е забележан во филмови, спотови и песни. Трошоците за овој вид на комуницирање со потрошувачите на големите компании се проценува дека просечно по проект чинат помеѓу 50 000 до 100 000 долари (во САД).
Потекло
Се смета дека овaa advertising техника се појавила во 1980 година. Вистинскиот подем почнува во 1982 кога продажбата на слатките Reese Pieces се зголемила за 65% откако тие биле вметнати во филмот The Extraterrestrial. Инаку се смета дека првиот Product placement offer е забележан кога Mars ја одбил понуда да го вметне својот бренд M&M во филмот Е.Т.
Видови
Product placement го има во три вида:
- визуелен (visual) во кој само се набљудува производот, услугата или логото на фирмата
Типичен пример за овој вид на product placement e примерот на Mercedes Benz и Apple во филмот Sex and the City :
Мерцедес
Apple
- изговорен (spoken) во кој само се изговара името на фирмата
Типичен пример се изговарањато на името Louis Vuitton во филмот Sex and the City:
- Користен/Интерактивен (usage) во кој има интеракција помеѓу лице (актерот) и производот
Типичен пример за овој вид за product placement e примерот со Coca Cola во видеото што следува:
Во филмовите, видео игрите, спотовите можат да се искористат сите видови на product placement но може и само еден од нив.
Од друга страна, продуцентските куќи можат да креираат Faux Product Placement т.е брендови кои се појавуваат само во филмовите но не постојат вистински, или Reverse Product Placement т.е фиктивни брендови кои потоа можат да бидат лансирани на пазарот и станат реални.
Покрај многубројните позитивни страни, product placement има негативни страни како негативно вметнување т.е кога дадената ситуација не соодветна за вметнување на брендот и за негово изложување (exposure), времето на изложувањето (time of exposure), недостаток од контрола, високата цена итн.
Product Placement во Македонија
Во минатото најчесто се среќаваше во спотовите на Тоше Проески. Главни брендови кои што се изложуваа на потрошувачите беа Sinalco, Master cards, Rodeo цигарите и Скопско пиво. Сепак генерално во неговите први спотови изложувањето на овие брендови е доста долго и потрошувачот веднаш знае дека овие фирми платиле намерно за да нивните брендови се најдат во овие спотови. Во некои случаи product placement го губи значењето бидејќи станува нападен. Таков е примерот со спотот на Тоше Проески ‘’Во коси да ти спијам ‘’ (линк до спотот) каде што брендот на цигари (кој што воопшто не се забележува) станува навистина нападен бидејќи го има многу често и дури во несоодветни ситуации. Исто така, во овој спот имаме пример каде што брендот предвреме се истакнува (што не е вообичаено за product placement), т.е пред самиот почеток на спотот како што е примерот со појавувањето на брендот “Скопско“ и потоа за време на самиот спот.
Примери за одлично изведен product placement :
- Pit Bull ft Chris Brown ‘’International love’’ (Product Placement of Voli Voli Vodka)
http://www.youtube.com/watch?v=CdXesX6mYUE
- Shean Paul ‘’Got to love you’’ (Product Placement of Remi Martin cognac and Mini Morris)
http://www.youtube.com/watch?v=tDq3fNew1rU
- Pit Bull ft. Jenifer Lopez ‘‘Live it up’’ (Product Placement of Nokia, Swarovski, Beluga Vodka)
http://www.youtube.com/watch?v=BofL1AaiTjo
Исто имаме и школски примери за лошо изведен Product Placement :
- Nicko ‘’Last Summer’’
http://www.youtube.com/watch?v=hdDK96Ije88
Во овој случај имаме изложување на брендот Kit Kat во несоодветната ситуација и на несоодветна таргет група.