На втората по ред HR Experience конференција во организација на Poslovi.Infostud, на која учествуваа водечки професионалци за човечки ресурси, HR директорот на DIRECT MEDIA United Solutions, Ивана Михајловиќ го претстави проектот за корпоративни иновации “Challenge Direct Media“.
Меѓу многубројните компании кои се пријавиле за учество во проектот “Успешни HR приказни 2019”, стручното жири избра 5 најдобро отценети HR практики во Србија, а меѓу нив се најде и проектот на DIRECT MEDIA United Solutions.
“Сметам дека оваа награда е за сите вработени во нашата компанија, бидејќи “Challenge Direct Media” е резултат на заедничка работа, огромна посветеност и голем ентузијазам на сите колеги. Идејата зад “Challenge Direct Media” е верувањето дека сите вработени со своите идеи можат подеднакво да придонесат кон унапредување на постојните начини на работа и квалитетот на услугите на DIRECT MEDIA United Solutions и со тоа да се предизвикаат како себеси, така и DIRECT MEDIA United Solutions на иновации. Добивањето на ова признание е потврда за нас, но и за другите компании, дека треба да се посвети поголемо внимание на идеите на вработените, максимално да се искористат внатрешните капацитети, способности, таленти и интереси на своите колеги и да се охрабрат да предлагаат иницијативи и да ја преземат улогата на лидери и иноватори”, изјави Ивана .
Се надеваме дека проектот за корпоративно иновирање “Challenge Direct Media” како добитник на наградата, ќе придонесе за подобрување на HR праксата во Србија!