Како е основан ФИНКИ? – Ни открива професорот што гради стартапи
Во најновата, осма епизода од подкастот Стартап Револуција, гостува проф. д-р Владимир Трајковиќ – универзитетски професор, претприемач и еден од највлијателните гласови во македонската ИТ индустрија и стартап заедница.
Како професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Трајковиќ веќе години наназад го води предметот Претприемништво – предмет што инспирирал бројни млади луѓе да го направат првиот чекор кон создавање на свој сопствен бизнис.
Во епизодата се отвораат теми како:
- како академијата може да биде поттикнувач на иновација,
- процесот на основање на ФИНКИ,
- изградбата на претприемачка култура во Македонија,
- што значи вистинска иновација и како стартапите можат побрзо да ја валидираат својата идеја,
- перспективата за иднината на ИТ индустријата и стартап екосистемот кај нас.
Зошто да ја гледате епизодата?
Ова епизода е инспиративна лекција за сите кои сакаат да разберат како знаењето, визијата и образованието можат да станат двигатели на иновација и претприемништво. Проф. д-р Трајковиќ низ својот личен пример и работа покажува како академските институции можат да ја поттикнат претприемачката енергија кај младите. Ако сте дел од стартап заедницата, студент или идeн претприемач, оваа епизода е за вас.
Стартап Револуција е подкаст создаден и реализиран од Стартап Клуб Скопје – првиот централен претприемачки хаб во Македонија, кој има за цел да го зајакне македонскиот стартап екосистем преку инспирација, практично знаење и споделување искуства од релевантни претприемачи, инвеститори и експерти.
Стартап Клуб Скопје со своите активности продолжува да биде столб на стартап заедницата во Македонија. Поткастот Стартап Револуција е само еден од многуте начини на кои клубот го поддржува претприемачкиот дух.
За повеќе информации и за да ја гледате најновата епизода, посетете го официјалниот канал на Стартап Клуб Скопје на YouTube: