Со премиерата на долгометражниот документарен филм “No limit” и свеченото доделување на наградите за најдобри агенции и огласувачи од Босна и Херцеговина, во Сараево заврши уште едно издание на фестивалот No Limit.
No Limit Saraevo Advertising Festival е национално натпреварување на кое учествуваат агенции и огласувачи од Босна и Херцеговина со соите креативни идеи и проекти.
Жирито во состав: Дејан Чато (Баљалучка пивара), Давор Чичиќ (Сараевски кисељак), Асја Дупановиќ (Медиа Маркетинг), Бојан Хаџихалиловиќ (Фабрика), Белма Хаџиомеровиќ (Рајфајзен банка БиХ), Бранкица Јанковиќ (Аквариус), Наџа Лутвикадиќ Фочо (BH Телеком), Милена Мијатовиќ (Минт, претседател на жирито), Ивона Јуриљ (Дегордиан), Весна Власиќ (McCann Сараево) и Звездана Жујо (Communis), имаше задача да оцени вкупно 74 кампањи пријавени во 10 натпреварувачки категории.
Во продолжение погледнете ги добитниците на сите фестивалски награди No Limit Sarajevo Advertising Festivala 2019.
- Категорија Видео
- Злато
– Агенција Aquarius за ТВ реклама “Фармофит природен избор“ за клиент Рапиќ.
– Агенција Фабрика за Тв реклама „Merry Christmas“ за клиент Белфор.
– Агенција Communis за Тв реклама „Komšinica“ за клиент Конзум Бих
- Сребро
– Агенција Фабрика за Тв реклама “Сараевски кисељак – Раде Шербеџија“ за клиент Сараевски кисељак
– Агенција Фабрика за Тв реклама за Серија NOVINE за клиент ХРТ
-Агенција Фабрика за Тв реклама “Полн погодок !“ за клиент BH Telecom
- Бронза
– Агенција McCann Сараево за Тв реклама “Олимпиа за помали од 37“, за клиент The Coca-Cola Company
– Агенција Фабрика за Тв реклама “BELFOR Суперхерои“ за клиент Белфор
– Агенција за Тв реклама “Не е само за Богови“ за клиент Бањалучка пивара
- Категорија Слика
- Злато – Агенција Communis за реклама “Она за она“ за клиент Нобел
- Сребро
-Агенција Aquarius за печатена реклама “Еден повик менува се“, за клиент m:tel
-Агенција Фабрика за фотографија во огласувањето – кампањата наречена “Светско првенство III дивизија во хокеј на мраз“ за клиент Хокејашки сојуз БиХ
- Бронза – Агенција McCann Сараево за плакат “Кој има подолг“ за клиентот Carlsberg БиХ
- Категорија Звук
- Злато – Агенција Communis за радио рекламата “Жалба на госпаѓа Коли“, за клиент Фармамед
- Сребро – Агенција Aquarius за радио рекламата “10 ладни Нектари“ за клиентот Бањалучка пивара
- Категорија Дизајн
- Злато – Агенција Фабрика за графички дизајн на решенија “Се сеќаваш ли Доли Бел“ за клиент Камерен театар 55
- Сребро – Агенција Фабрика за графички дизајн на решенија “Фашизмот на почетокот секогаш изгледа невин“ за клиент словенски неделник Младина
- Бронза – Кнап Студио за графички дизајн на решенија “Hayat TV Rebranding“ и клиент Телевизија Hayat
- Категорија OOH
- Злато – Агенција UM Сарево за решението “Stars are here“ за клент The Coca Cola Company
- Сребро – Агенција McCann Сарево за решението “Sprite Icy Cactus“ за клиент The Coca Cola Company
- Бронза – Агенција McCann Сараево за решението “Fanta Zero“ за клиент The Coca-Cola Company
- Категорија DIGITAL
- Злато – Агенција Degordian за проектот “dm на дигиталното небо на БиХ“, за клиент дрогерии dm БиХ
- Сребро – Агенција McCann Сараево за кампањата Подравка“ за клиент Подравка
- Бронза
– Агенција McCann Сараево за кампањата “ За повеќе кошарка“, за клиент Carlsberg BiH
– Агенција Фабрика за кампањата “OPA“ за клиент ESP BH d.o.o.
- Категорија настани
- Злато – Агенција MINT Бањалука, за настанот “Отворање на ски сезона Јахорина Jahorina 2019 за клиент Олимписки центар Јахорина
- Сребро – Агенција Communis за настанот “This changes everything“ за клиент Philip Morris BiH
- Бронза
– Агенција McCann Сареаво за настанот “dm Женска трка“, за клиент дрогерии dm БиХ
– Агенција McCann Сараево за настанот “Porsche Carrera 911“, за клиентот Porsche BiH
- Категорија DIRECT
- Злато – Агенција UM Сараево за “Somersby Brew&Serve“ и клиент Carlsberg BiH
- Сребро – Агенција McCann Сареаво за кампањата “Кој има подолг“ и клиент Carlsberg BiH
- Бронза – Агенција UM Сараево за кампањата “Tuborg Night Bus“ и клиентот Carlsberg BiH
- Категорија општествено одговорна кампања
- Злато – Agencija Communis за кампањата “Не ми кажаа“, за клиент Параолимписки комитет БиХ
- Сребро – Агенција McCann Сараево за кампањата “Помали од 37“, за клиент The Coca-Cola Company
- Бронза – Агенција Aquarius за кампањата “Ново име“ за клиент NOVOMATIC
- Категорија интегрирана кампања
- Злато – Агенција Фабрика за кампањата “Мое Сараево.Моја приказна.“, за клиент BH Telecom
- Сребро – агенција Aquarius за кампањата “Еден повик менува се“, за клиент m:tel
- Бронза
– Агенција UM Сараево за кампањата “Stars are here“ за клиентот The Coca-Cola Company
– Агенција Aquarius за кампањата “Не е само за богови“ за клиент Бањалучка пивара
- Специјални награди на фестивалот
- Агенција на годината
Врз основа на најголемиот број на освоени бродови, за агенција на годината во Босна и Херцеговина е прогласена агенцијата McCann Сараево.
- Гранд При
За најдобра кампања на фестивалот е прогласена кампањата “Мое Сараево.Моја приказна.“, на агенцијата Фабрика за клиентот BH Telecom.
- Огласувачка личност на годината
Наградата огласувачка личност на годината се доделува на личност која оставила силен печат во огласувачката индустрија во една година или во подолг временски период. Оваа награда му припадна на Бојан Хаџихалиловиќ, креативен директор на агенцијата Фабрика.
- Огласувач на годината
За огласувач на годината, врз основа на најголемиот број на освоени бодови доделени на поединечни фестивалски награди, проглесена е The Coca-Cola Company.
- Креативец на годината
За креативец на годината е прогласен Хамдија Пашалиќ од агенцијата Communis врз основа на фактот што бил креативен директор во најголем број на наградени кампањи.