Наградите Gerety, единствените креативни признанија во светот за огласувачки кампањи кои одекнале најмногу кај женската публика, ги соопштија победниците за 2023 година.
Жирито на овогодишното издание на Gerety Awards одлучи да додели 4 Grand Prix, 27 златни, 69 сребрени и 65 бронзени награди, со уште 159 пријавени кампањи кои се најдоа во потесниот избор.
Кампањите што дома ги носат главните Grand Prix награди ја застапуваат креативност на најдобар можен начин за големи светски прашања како климатските промени, бегалците и имиграцијата, диверзитетот, но и хуморот како сакана, но често запоставена карактеристика на индустријата денес.
Grand Prix наградата за употреба на алтернативни медиуми во секцијата „Иновативност“ беше доделена за кампањата “The First Digital Nation” на агенцијата The Monkeys, дел од Accenture Song, за Владата на островската нација Тувалу.
Grand Prix наградата за интегрирана кампања во секцијата „Искуство“ беше доделена на кампањата “See My Skin” од агенцијата Edelman за брендот Vaseline Healing Jelly на Unilever.
Grand Prix наградата за најдобра стратегија во секцијата „Добри дела“ беше доделена за кампањата “Where To Settle” од агенцијата McCann Warsaw за клиентот Mastercard.
Grand Prix наградата за интегрирана кампања во секцијата „Хумор“ беше доделена за кампањата “Apologize the Rainbow” од агенцијата DDB Chicago за брендот Skittles.
Според освоениот вкупен број на награди, на прво место се најде кампањата “The Glitch” од BBDO Germany за клиентот Alzheimer Forschung Initiative, освојувајќи 3 златни, 3 сребрени и 1 бронзена награда.
Второто место по број на награди го освои кампањата “Apologize the Rainbow” на агенцијата DDB Chicago и брендот Skittles, која доби 1 Grand Prix, 2 златни и 1 сребрена награда.
Третата најнаградувана кампања беше “Shout” од VMLY&R Mexico за клиентот Movistar, освојувајќи 1 златна, 4 сребрени и 1 бронзена награда.
Најнаградуван бренд во светот на овогодишното издание на Gerety Awards беше McDonald’s. По тој повод, директорката за глобален бренд маркетинг на McDonald’s, Жоан Колета, изјави: „Да се биде признат од наградите Gerety на овој начин е особено значајно со оглед на посветениот фокус на McDonald’s кон градење посуштински врски со нашата разновидна база на фанови ширум светот. Им честитаме на сите брендови кои добија признанија оваа година и горди сме што сме во Ваше друштво“.
Овогодинешните награди Gerety ќе патуваат во 34 земји низ светот, и тоа најголем број во САД, Франција, Германија, Шпанија, Обединетото Кралство и Канада.
Целосната листа на победници е достапна на официјалната веб-страница www.geretyawards.com