Вечерва во Скопје се одржа свеченото доделување на наградите за најдобрите настани во рамки на фестивалот BEAM. Веќе трета година по ред, BEAM ја препознава и вреднува извонредноста во креативноста, стратегијата и реализацијата на настани.
Главната Grand Prix награда годинава ја доби Светското првенство во хип хоп (People Media), кое победи и во категориите Најдобар културен настан и Најдобар спортски настан.

Комплетната листа на овогодишни добитници на наградите BEAM за 2024 година по категории се следниве:
- Најдобар културен настан – Светско првенство во хип хоп (People Media)
- Најдобар корпоративен настан – Халкбанк: Трајни културни вредности (маркетинг агенција Ефектива)
- Најдобар музички настан – 100 години Скопско (Publicis Group)
- Најдобар фестивал – Литера – Меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца (маркетинг агенција Ефектива)
- Најдобра конференција – Наука за деца (Фондација Кантарот Скопје)
- Најдобра активација на бренд – 100 години Скопско (Publicis Group)
- Најдобар спортски настан – Светско првенство во хип хоп (People Media)
- Најдобар Експо настан – Skopje Whiskey Fest (Bottega Events)
- Најдобар хуманитарен настан – Ability Awards (Abilities Net)
- Најдобар настан на државна институција – Меѓународна регулаторна конференција (Idea Plus 360° Communications)
- Grand Prix – Најдобар настан за 2024 година – Светско првенство во хип хоп (People Media).