Седмата церемонија на доделување на наградите за маркетиншка ефективност на српскиот пазар, Effie Serbia, се одржи на 21 јуни во Белград. Овогодинешните освојувачи на престижните трофеи беа прогласени во присуство на повеќе од 350 гости.
За Effie Serbia ова беше една од најуспешните сезони, имајќи предвид дека дури 19 проекти се пласираа во финалето на националниот натпревар. По два круга на оценување – одлука на жири-комисијата и потврда од глобалната канцеларија на Effie Awards, на церемонијата беа доделени вкупно 9 награди.
Овој престижен натпревар од 2017 година го организира Меѓународното здружение за маркетиншки комуникации на Србија (IAA Srbija). Нашиот северен сосед е една од 55-те земји каде што се спроведува натреварот за маркетиншка ефективност под чадорот на Effie Awards.
„Ова е, без никакво сомневање, најуспешната сезона на Effie во Србија од почетокот на организацијата пред седум години. Пристигнаа многу квалитетни проекти за што сведочи рекордниот број финалисти (19), а потоа и награди. Три златни Effie награди се резултат што го посакувавме долги години. Како и за сè, важните и големите работи вреди да се чекаат. Верувам дека следната година сите ќе се радуваме на успехот на нашите кампањи на натпреварот Global Best of the Best Effie Awards“ – изјави Јелена Ивановиќ, извршна директорка на IAA Srbija.
Овогодинешни добитници на златна награда:
Категорија: Internet & Telecom
Кампања: Srećičica
Клиент: A1 Srbija
Бренд: Srećičica
Главна агенција: Leo Burnett Beograd
Партнерски агенции: Baš Čelik, Žiška, OMD
Категорија: Snacks & Desserts
Кампања: Munchmallow „Sav od igre“
Клиент: Jaffa Crvenka
Бренд: Munchmallow
Главна агенција: Žiška
Партнерски агенции: Level4, Smurfit Kappa, Dreamdust VFX Studio, Media House
Категорија: Small Budgets – Non-Profit, Products & Services (Up to 2,5 Million Dinars)
Кампања: Sava Šumanović postradalim stablima
Клиент: Galerija slika „Sava Šumanović“ Šid
Бренд: Galerija slika „Sava Šumanović“ Šid
Главни агенции: Head Made, Leo Burnett Beograd
Овогодинешни добитници на сребрена награда:
Категорија: New Product or Service Introduction & New Product or Service Line Extension
Кампања: Smoki WOW – razvoj i lansiranje novog proizvoda
Клиент: Atlantic Štark
Бренд: Smoki WOW
Главна агенција: Leo Burnett Beograd
Партнерски агенции: Pro Media Group, Media House, NN Media, Degordian
Категорија: Artificial Intelligence (AI)
Кампања: Zavoli kolačiće
Клиент: Atlantic Grupa
Бренд: Najlepše želje COOKIES
Главна агенција: Ovation Belgrade
Партнерски агенции: Pom Pom Communications, Media House, Promedia Group
Категорија: Small Budgets – Non-Profit, Products & Services (Up to 2,5 Million Dinars)
Кампања: Kontroliši se
Клиент: Movember Banja Luka
Бренд: Movember
Главна агенција: Ovation Belgrade
Партнерски агенции: Alma Quattro, Rooster Production
Овогодинешни добитници на бронзена награда:
Категорија: Beverages (Alcohol)
Кампања: Zaječarsko – Naša tradicija
Клиент: Heineken Serbia
Бренд: Zaječarsko pivo
Главна агенција: Leo Burnett Beograd
Партнерски агенции: Dentsu Srbija, Bad Rabbit
Категорија: Non-Profit
Кампања: Kontroliši se
Клиент: Movember Banja Luka
Бренд: Movember
Главна агенција: Ovation Belgrade
Партнерски агенции: Alma Quattro, Rooster Production
Категорија: Social Media / Influencer Marketing / Engaged Community: Products, Services
Кампања: Cookies
Клиент: Atlantic Grupa
Бренд: Najlepše želje COOKIES
Главна агенција: Ovation Belgrade
Партнерски агенции: Pom Pom Communications, Media House, Promedia Group