Со церемонијата на доделување награди заврши 32. издание на Словенечкиот огласувачки фестивал (СОФ), кој на 14 и 15 јуни во Порторож собра околу 1.300 словенечки и странски љубители на огласувањето.
Верни на одржливоста, СОФ ја продолжи мисијата за „нулта отпад“ во соработка со Ekolozi bez granica, оваа година под новиот слоган “Djeluj(e)mo ustrajno, za budućnost trajno!”, стремејќи се веќе трета година по ред да го рециклира или повторно да го искористи најголемиот дел од отпадот создаден за време на фестивалот.
Натпреварувачкиот дел на СОФ 2023 беше можност за заеднички увид во развојот на огласувачката индустрија. Уште покреативни и похрабри идеи беа пријавени во категоријата „Дигитал“ и во категориите „Креативна употреба на медиуми“, „Иновативни решенија“ и „Општествено добро“. Поголем одзив забележаа и категориите „Итен одговор“ и „Искуства“, додека пак категориите „Авторска музика“ и „Пишување текстови“ годинава беа помалку застапени.
Пријавените проекти беа оценувани од стручно жири составено од 13 члена под водство на Петра Крулц, независен креативен раководител, стратег и консултант. За уште подобра евалуација на пријавените дела, примарното жири беше засилено со тројца претставници на огласувачите. Дијалогот помеѓу клучните катери во индустријата, втора година по ред, го овозможи Натпреварувачката академија на СОФ.
Фестивалската атмосфера беше заокружена со Златната ноќ, свеченото финале на кое беа прогласени добитниците на огласувачките награди и признанија.
Титулата „Агенција на годината“ повторно ја освои агенцијата Shift, додека пак за најуспешен бренд на годината беше прогласен Burek Olimpija.
Како најдобра продуцентска куќа за филмски реклами беше прогласена Moment Collective, a најдобра продуцентска куќа за радио и аудио реклами беше прогласена Sloboda.
Титулата „Огласувачка личност на годината“ му беше доделена на Алеш Мухич, маркетинг директор во Pro Plus, а втора година по ред за „Огласувач на годината“ беше прогласен брендот Mercator.
Победници во натпреварот за млади креативци беа Сара Грмек и Лара Осет, кои ќе патуваат во Кан на меѓународниот натпревар Young Lions.
Вкупно, на 32. СОФ беа доделени 2 Grand Prix, 20 златни и 30 сребрени награди. Добитници на Grand Prix беа кампањите “Hofer cena – serija radova” ( на Publicis Groupe / Saatchi & Saatchi за брендот HOFER trgovina d.o.o.) и “Burekuna” (на Agencija 101 за брендот Burek Olimpija).
Целосната листа на наградени, како и повеќе информации за фестивалот, можат да се најдат на следниот линк.