За агенција на годината беше прогласена &Co./NoA од Данска, додека пак McCann Worldgroup ја понесе титулата за агенциска мрежа на годината
За овогодинешните креативни награди Epica биле пријавени вкупно 3,184 кампањи од 64 држави низ светот, што претставува драматичен пораст во однос на тешката година претходно (1,980 пријави), доближувајќи се до нивото од 2019 година.
Најголем број пријавени кампањи пристигнале од САД (206) и од Германија (206). Меѓутоа, најмногу награди освоија агенциите од Франција, со 40 наградени кампањи, па оние од Канада со 39 освоени награди. По нив следуваат Обединетото Кралство со 36 награди и САД и Русија со по 28 награди.
Оваа година, Epica Awards доделија 8 Grand Prix нагарди во 7 категории.
Grand Prix награда во категоријата FILM добија две кампањи. Првата од нив беше “Festive” на Riff Raff Films од Обединетото Кралство за брендот Burberry. Втората FILM Grand Prix награда отиде кај &Co./NoA од Данска за кампањата “Helmet Has Always Been A Good Idea” на Данскиот совет за безбедност на патиштата.
Највисоката награда во категоријата RESPONSIBILITY беше доделена на агенцијата VMLY&R Istanbul од Турција за кампањата “The Rainbow Hack”, реализирана за Change.org и коалиција на невладини организации од Турција.
Grand Prix награда во категоријата PR беше додела на BBDO Belgium за кампањата “The Breakaway” за клиентот Decathlon.
Во категоријата ALTERNATIVE, Grand Prix награда беше доделена за кампањата “The Homeless Bank Account” од Wunderman Thompson UK за клиентот HSBC.
Мрежата на Wunderman Thompson, дел од групцијата WPP, доби уште две Grand Prix награди. Во категоријата DESIGN, највисоката награда ја доби агенцијата Wunderman Thompson Colombia за кампањата “Waterlight” за клиентот Edina Energy. Во категоријата DIGTAL, пак, Wunderman Thompson Belgium ја освои Grand Prix наградата за кампањата “.comdom” за клиентот Telenet.
Осмата Grand Prix награда беше доделена во категоријата PRINT, и тоа за агенцијата Leo Burnett UK која ја создаде кампањата “Lights On” за клиентот McDonald’s.
Титулата „Агенција на годината“ ја понесе &Co./NoA од Данска, додека пак титулата „Агенциска мрежа на годината“ му припадна на McCann Worldgroup.
Целосната листа на победници може да се најде на следниот линк.
Основани во 1987 година, Epica се единствените глобални креативни награди кои ги доделува жири-комисија исклучиво составена од новинари посветени на маркетингот, дизајнот и адвертајзингот, како и новинари специјализирани во низа други полиња како автомобилската индустрија, луксузните брендови и виртуелната реалност.