Gerety Awards се глобални креативни награди кои им одаваат признание на најдобрите адвертајзинг кампањи во светот, меѓутоа гледано од женска перспектива. Процесот на жирирање траеше во неколку етапи, па по составувањето на листата на кампањи кои влегоа во потесен избор и неколкуте одржани сесии на жирирање, Gerety Awards со задоволство ги објавија имињата на овогодинешните добитници.
Најзначајната Grand Prix награда беше доделена за кампањата “Moldy Whopper” на Burger King. Со злато се закитија повеќе кампањи, и тоа: “Project Understood” на Google, “Crocodile inside” на Lacoste, “SIGNS” на SIGNS, “The Soap with a Lump” на LUX, “The Punishing Signal” на Mumbai Police, “Eva.Stories” на K’s Galleries, “Last Straw” на Son de Miel, “A Hard Pill To Swallow” на Apotek Hjärtat, “40,000 Strong” на Help for Heroes, “Swipe Night” на Tinder и “Generation Lockdown” на March For Our Lives.
На листата на победници се најдоа кампањи од 22 држави ширум светот, вклучувајќи ги Јапонија, Иран, Перу, Индија, Австралија, Канада, Германија, Обединетото Кралство и САД. Американските агенции освоија најмногу награди – 22, а по нив следува Индија со 11 награди и Обединетото Кралство со 5 награди.
„Сите победнички кампањи, вклучувајќи ги и кампањите кои се најдоа во потесниот избор, засложуваат најголеми пофалби. Пријавените проекти за Gerety Awards поминаа низ темелен процес на селекција. Од 6 континенти и 32 држави, вкупно 185 светски признати агенциски и бренд лидери се здружија за да ги наградат најдобрите во адвертајзингот. Победниците на Gerety Awards го поставија вистинскиот стандард за најдобриот адвертајзинг во 2020 и понатаму,“ истакнува Лусија Онгај, ко-основач на Gerety Awards.
„Кога го дефинираме најдоброто во адвертајзингот од женска гледна точка, ние имаме одговорност да ги славиме само најдобрите. Огласувачите кои сакаат да знаат како да ги тагетираат најмоќните потрошувачи во светот, треба само да ја погледнат листата на победници на Gerety Awards,“ додава Онгај.
Целосната листа на победници на овогодишното издание на Gerety Awards може да се погледне на следниот линк.