Меѓународните креативни награди Gerety Awards, кои ги наградуваат најдобрите огласувачки кампањи од женска перспектива, го објавија овогодишниот список на победници.
Од организацискиот одбор на наградите Gerety, кои се доделуваат веќе четврта година по ред, посочуваат дека тоа е единствената креативна награда која се доделува од страна на целосно женско жири и има за цел да потврди кои кампањи најмногу резонирале со „светски најмоќната група на потрошувачи“.
Вкупно, жирито на Gerety Awards за 2022 година додели 5 Grand Prix, 34 златни, 58 сребрени и 77 бронзени награди, со дополнителни 139 кампањи кои добија место во потесниот избор.
На меѓународно ниво, САД беа најголеми победници со вкупно 34 статуетки, по што следува Обединетото Кралство со 27 награди. Следни на листата се Белгија со 23, Канада со 20, Франција и Германија со по 14 наградени кампањи, додека пак Бразил и Обединетите Арапски Емирати освоија по 10 награди.
Кампањите кои освоија Grand Prix награди се:
– „#painstories“ на огласувачот Bodyform/Libresse од агенцијата AMVBBDO London (Обединето Кралство);
– „Super. Human.“ на огласувачот Channel 4 од агенцијата Final Cut London (Обединето Кралство);
– „Plasticoff“ на огласувачот Whirlpool од агенцијата VMLY&R Mexico (Мексико); и
– две Grand Prix награди за „Unfiltered History Tour“ на VICE Media од агенцијата Dentsu Webchutney Bengaluru (Индија).
Целосната листа на победници може да се погледне на следниот линк.