Во деновите кога здравјето и благосостојбата се од клучно значење, хрватската комуникациска индустрија од дома се осврна на најдобрите проекти во изминатата година и со прогласување на добитниците ја поттикна инспирацијата и креативноста која ни помага во создавање на подобро општество.
На 16 април се одржа онлајн прогласувањето на добитниците на IdejаX, хрватското национално натпреварување во креативност. Оваа година Гранд При освои агенцијата Bruketa&Žinić&Grey за проектот “Untouched by Light“. На агенцијата Bruketa&Žinić&Grey и на Radgonske gorice им припадна титулата агенција на годината, односно огласувач на годината.
Меѓу најдобрите 5 агенции на натпреварувањето IdejаX се пласираа и Saatchi&Saatchi Croatia, Imago Ogilvy, BBDO Zagreb, McCann Zagreb.
На ова натпреварување веќе неколку години успешно се натпреваруваат како големи, така и мали агенции со своите креативни идеи и маркетинг проекти, за кои можат да освојат златно, сребрено и бронзено признание, а оваа година се истакнаа следните проекти.
Во категоријата Best on Market добитници на златна награда IdejаX се:
- Intersnack Adria и Imago Ogilvy за проектот „’Рскање кое пали“ во категоријата Храна.
- Radgonske gorice и Bruketa&Žinić&Grey за проектот “Untouched by Light“ во категоријата Алкохолни пијалоци.
- Pipi Beverages и Imago Ogilvy за проектот “Споменик на неизвајано тело“ во категоријата Безалкохолни пијалоци.
- Violeta и Saatchi&Saatchi Croatia за проектот “Dual purpose for a higher purpose“ во категоријата Трговија и домаќинство.
- BBDO Zagreb и IKEA за проектот “Дома е најубаво“ во категоријата Трговија и домаќинство.
- A1 Hrvatska и Bruketa&Žinić&Grey за проектот “A1 Lappsus“ во категоријата Телекомуникации.
- Винер осигурување Vienna Insurance Group и Señor за проектот „Винер. Го осигурува вашиот мир.“ во категоријата Финансиски и осигурителни услуги.
- Хрватскиот завод за јавно здравство и Bruketa&Žinić&Grey за проектот “Кој пие, тој плаќа“ во категоријата Општествени акции.
Златно признание на наградата X во категоријата Best of Ad-Making освоија:
- A1 Hrvatska и Bruketa&Žinić&Grey за проектот “A1 Lappsus“ во категоријата Дигитал.
- Hrvatski Telekom и McCann Zagreb за проектот “Unlimited“ во категоријата Филм.
- Radgonske gorice и Bruketa&Žinić&Grey за проектот “Untouched by Light“ во категоријата Дизајн.
Во категоријата Best on Market добитници на сребрени IdejaX награди се:
- Taste local. и Studio Tumpić/Prenc за проектот “Latini“ во категоријата Храна.
- Загребска пивара и BBDO Zagreb за проектот “Телепортација“ во катеоријата Алкохолни пијалоци.
- Загребска пивара и BBDO Zagreb за проектот “Заштитени со закон“ во категоријата Алкохолни пијалоци.
- Hrvatski Telekom и McCann Zagreb за проектот “Unlimited“ во категоријата Телекомуникации.
- Iskon и Señor за проектот “Прилика за живот“ во категоријата Телекомуникации.
- ERSTE bank и UTORAK за проектот “Враќање“ во категоријата Финансиски и осигурителни услуги.
- Violeta и Saatchi&Saatchi Croatia за проектот “WC papir ti može spasit dupe!“ во категоријата Општествени акции.
Сребрена награда во категоријата Best of Ad-Making освоија:
- Jamnica Plus и Saatchi&Saatchi Croatia за проектот “Длабоко над сите“ во категоријата Филм.
- Honey Heaven и Design Bureau Izvorka Jurić за проектот “Bee’s Magic identitet“ во категоријата Дизајн.
Добитници на бронзена награда во категоријата Best on Market се:
- Brachia и Design Bureau Izvorka Jurić за проектот “Brachia KIDS“ во категоријата Храна.
- Jamnica Plus и Saatchi&Saatchi Croatia за проектот “Далабоко над сите“ во категоријата Базалкохолни пијалоци.
- IKEA и BBDO Zagreb за проектот “Флека“ во категоријата Трговија и домаќинство.
- Hrvatski Telekom и McCann Zagreb за проектот “Џиџи-Миџи“ во категоријата Телекомуникации.
- A1 Hrvatska и BBDO Zagreb за проектот “Лизгање“ во категоријата Телекомуникации.
- Tele2 и Imago Ogilvy за проектот “Подарок & Мир“ во категоријата Телекомуникации.
- Фонд за заштита на околината и енергетската ефикасност и Imago Ogilvy за проектот “Paperless“ во категоријата Општествени акции.
- Министерство за заштита на околината и енергетика и Studio Sonda за проектот “Бескрајна честитка“ во категоријата Корпоративни комуникации.
- UTORAK за проектот “Utorak Srijedom“ во категоријата Разно.
Бронзена награда IdejaX во категоријата Best of Ad-Making освоија:
- Jamnica Plus и Saatchi&Saatchi Croatia за проектот “Deepest Instagram Profile 2“ во категоријата Дигитал.
- ERSTE bank и UTORAK за проектот “ERSTE Победа“ во категоријата Филм.
- Njuškalo и Švicarska за проектот “Предај. Продај!“ во категоријата Филм.
- Violeta и Saatchi&Saatchi Croatia за проектот “Dual purpose packaging“ во категоријата Дизајн.
Дигиталната изложба на проектите од натпреварувањето IdejаX се наоѓа нa овој линк, а за повеќе информации, посетете ја официјалната страница на фестивалот Денови на комуникации .
Прогласувањето на добитниците на хрватското натпреварување MIXX, традиционално беше проследено од многубројна домашна и регионална публика, но овој пат не во Ровињ, туку преку live stream од домовите – затоа што и покрај тешките околности, креативноста продолжува. На ова јубилејно издание на MIXX, титулата “Best in Show“ ја освоија Pipi и Imago Ogilvy за нивниот проект “Споменик на неизвајано тело“.
MIXX е натпреварување кое по меѓународна лиценца на ИАБ ги наградува најдобрите дигитални кампањи. Покрај Best in Show, прогласени се и 11 победници во следниве категории: Brand Awareness Campaign, Cross Media Integration Campaign, Direct Response and Lead Generation, Best Website, Best Mobile App, Best Branded Content, Best Media Strategy, Best Search, Best Tech&innovation, Best Social и Best Publisher Long-Form Native.
- Винер осигурување и Degordian за проектот “UHO – Utočište Hrabrih Online“ освоија награда во категоријата Brand Awareness Campaign.
- Vegeta и Izone се победници во категоријата Cross Media Integration Campaign со проектот “Вегета 60 години“.
- Bluesun Hotels & Resorts и Httpool освоија признание во категоријата Direct Response and Lead Generation со проектот “Croatia Calling“.
- Human е прогласен за најдобар со проектот “Human website“ во категоријата Best Website.
- Признание во категоријата Best Mobile App доби проектот “A1 Lappsus“ на клиентот A1 и агенцијата Bruketa&Žinić&Grey.
- Čarli и Inspiracija digital се прогласени за најдобри во категоријата Best Branded Contentсо проектот „Мојот најдобар пријател“.
- Признанието во категоријата Best Media Strategy им припадна на Wolt и агенцијата iProspect, a division of Dentsu Aegis Network за проектот “Yearly User Acquisition Campaign“.
- Победници во категоријата Best Search се Винер осигурување и Degordian со проектот “Винер Осигурување – Search кампања/2020“.
- A1 и агенцијата Bruketa&Žinić&Grey се победници во категоријата Best Tech&Innovationсо проектот “A1 Lappsus“.
- Ledo и агенцијата 404 со проектот “Слатки зборови заслужени“ се победници во категоријата Best Social.
- Здружението “Не сме сами“ и 24sata се прогласени за најдобри во категоријата Best Publisher Long-Form Native со проектот #pinkypromiss.
Дигиталната изложба на проектите можете да ја пронајдете на овој линк, а за повеќе информации посетете ја официјалната страница на фестивалот Денови на комуникации.
Комуникациската индустрија продолжува да докажува дека креативноста го менува светот во кој живееме, а во време на криза како оваа, од клучна важнос е да се погледнат најуспешните проекти за да нè инспирираат на создавање идеи кои ќе обликуваат подобра иднина.