На првата вечер од меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions беа прогласени и првите победници на фестивалската недела во кетегориите Health & Wellness, Outdoor, Pharma, Print & Publishing и Audio & Radio Lions.
„Како што го започнуваме 71-то издание на Cannes Lions, не би можеле да бидеме повозбудени да го споделиме првиот круг на победници. Би сакал да им се заблагодарам на жирирачите кои ни се придружија од целиот свет за великодушно да ја понудат својата мудрост, време и енергија за да ја изберат најдобрата креативност што нашата индустрија може да ја понуди“ – изјави Сајмон Кук, извршен директор на LIONS.
Во категоријата “Outdoor Lions” се пријавиле вкупно 2053 проекти, а 57 од нив добија награди: 10 златни, 18 сребрени и 27 бронзени. Исто така, оваа година беа доделени и две Grand Prix награди. Првата отиде во рацете на агенцијата LOLA Mullenlowe од Мадрид за кампањата „Find Your Summer“ за сладоледот Magnum. Втората Grand Prix награда беше доделена на агенцијата Colenso BBDO од Нов Зеланд за кампањата „Adoptable by Pedigree“ за брендот Pedigree.
Во “Print & Publishing Lions” се пријавиле 734 проекти, а беа доделени 21 награди: четири златни, три сребрени и 13 бронзени „лавови“. Главната Grand Prix награда ја освои кампањата “Recycle Me” на Coca-Cola, создадена од агенцијата Ogilvy New York.
Во категоријата “Audio & Radio Lions” се пријавиле 759 проекти, а беа доделени 23 награди: четири златни, шест сребрени и 12 бронзени лавови. Главната Grand Prix награда беше доделена на агенцијата Golin London за кампањата „The Misheard Version“ за клиентот Specsavers.
Во “Health & Wellness Lions” биле прифатени 1252 пријавени проекти, а доделени 38 награди: пет златни, 14 сребрени и 18 бронзени. Grand Prix наградата му припадна на FCB Chicago за кампањата „The Last Barf Bag“ за Dramamine.
Во “Pharma Lions” се натпреварувале 232 проекти, од кои седум освоија награди: една златна, два сребрени и три бронзени. Жирито ја додели Grand Prix наградата за кампањата „Magnetic Stories“ на брендот Siemens Healthineers и агенцијата Area 23 New York (дел од IPG Health Network).
Специјалната Grand Prix награда за добро, што ја доделуваат Lions Health и Фондацијата на Обединетите нации, отиде во рацете на агенцијата Impact BBDO од Дубаи за кампањата „Child Wedding Cards“ за клиентот UN Women.
На свечената церемонија исто така беа прогласени најдобрите агенции и агенциски мрежи во здравствениот сектор.
Најдобри агенции во здравствениот сектор
1. AREA 23 (An IPG Health Network Company), Њујорк, САД
2. Klick Health, Торонто, Канада
3. Havas Health, Мачестер, Обединето Кралство
Најдобри агенциски мрежи во здравствениот сектор
1. FCB Health
2. Klick Health
3. Havas Health
Победниците на Cannes Lions ќе бидат прогласувани секоја секоја вечер во текот на фестивалската недела од 17 до 21 јуни 2024 година. Сите финалисти и победници ќе бидат достапни за прегледување на The Work. Дополнителни информации за Cannes Lions се достапни на canneslions.com.