Синоќа беа прогласени првите победници на овогодинешното, 63-то издание на Интернационалниот фестивал на креативноста во Кан, во категориите Direct, Glass, Print & Publishing, Promo & Activation и Radio. Ѕвездите на индустријата се собраа на црвениот тепих за да ги прослават бенчмарковите на светската креативност и за прв пат во историјата на Фестивалот, церемонијата беше емитувана во живо на YouTube. Серијата награди беа навистина интернационални, така што беа наградени кампањи од преку 70 држави, меѓу кои како што претходно синоќа објавивме и кампањата Sea Hero Quest која потекна од креативците на Saatchi&Saatchi Скопје.
Од вкупно 3,458 пријавени кампањи во категоријата Promo & Activation, 107 добија ‘лавчиња.’ Grand Prix наградата беше доделена на кампњата “OptOutsidе” за огласувачот REI, а направена од Venables Bell & Partners од Сан Франциско, за која претседателот на жирито Роб Рајли, Глобален креативен директор на McCann Worldgroup, изјави дека е најхрабрата идеја на декадата. “Се’ е во тоа брендот да ја живее својата автентична вистина. Бренд кој ги вреднува повеќе своите клиенти отколку краткорочниот профит и работи со цврсто уверување,” изјави тој. “Не влијаеше врз културата, туку ја експлодира.”
Print & Publishing категоријата доби 3,777 пријавени камапњи, од кои наградени беа 80. Grand Prix нагардата отиде за “McWhopper” на Burger King, од агенцијата Y&R NZ. Претседателот на жирито Џоџи Јакоб, Извршен креативен директор во DDB Group, рече дека ја одбрале кампањата бидејќи ја има способноста да започне конверзација и да биде клучен дел во една ‘мастер’ кампања.
Од вкупно 3,097 пријавени кампањи, 75 беа доделени во категоријата Direct Lions, a Grand Prix наградата ја понесе “The Swedish Number” за Swedish Tourist Association, од агенцијата INGO Stockholm. Идејата ги преминува границите на туризмот и станува приказ на 250-годишната посветеност на државата за слободата на говорот. “Освежувачки е да се виде кампања која обединува 9.5 милиони глобални бренд амбасадори преку најдиректната форма на комуникација: телефонски повик еден-на-еден,” изјави Марк Тутсел, претседател на Direct Lions жирито.
Во категоријата Radio имаше 1,410 пријавени кампањи, а беа доделени 51 награда. Grand Prix доби “The Everyman Meal – Coloured Weights” на KFC, од агенцијата Ogilvy & Mather од Јоханесбург. Идејата, изјави претседателот на жирито Том Еимундсон, Генерален извршен директор на Pirate Group Inc, ги допри сите од жирито, без разлика на полот, возраста и националноста, одекнувајќи силно.
За крај беа прогласени победниците во категоријата Glass: The Lion for Change, осмислена во партнерство со Lean In.Org и воведена минатата година. Наградата се доделува на кампањи кои имале позитивно влијание врз вкоренета полова нееднаквост, небаланс или неправада, а овогодинешниот Grand Prix беше доделен за “6 Pack Band” на Hindustan Unilever, создадена од Mindshare од Мумбај. Претседателката на жирито Маделин ди Ноно ја опиша кампањата како глобална, инклузивна и влијателна. “Половата нееднаквост не е само женски проблем. Таа ги вклучува сите аспекти на маргинализацијата, дискриминацијата и несвесните предрасуди со кои се сочуваат сите полови.”
Парите собрани од уплатените партиципации за оваа категорија ќе бидат распределени за помагање на организации кои ги имаат нејзините цели, вклучувајќи ги: UN Women, No Ceilings, Men Engage, Gender and Development Network, Geena Davis Institute on Gender in Media, Women for Women, Pro Mujer, Equality Now Inc. и Global Fund for Women. Со помош на уникатна платформа создадена од in/PACT, секои од учесниците на Фестивалот ќе имаат можност да распределаат 100 евра од приходите (четири пати по 25 евра) на организациите по нивен избор, преку апликацијата на Cannes Lions. “Оваа година сме горди и возбудени што ја имаме можноста да ги зајакнеме нашите залагања, овозможувајќи им на делегатите да играат активна улога,” изјави Кеви Ајрес, CEO на in/PACT.
Овогодинешното издание на Cannes Lions забележа рекорден број на пријавени кампањи и преку 15 000 учесници се очекуваат да се најдат во Кан пред крајот на фестивалската недела. И, за прв пат, церемониите за доделување награди се емитуваат во живо на YouTube, пренесувајќи го Фестивалот на поширока, глобална публика.