Програмското рекламирање ќе порасне за 31% следната година, со поголема брзина од било кој друг дигитален канал во согласност со прогнозата на извештајот за програмски маркетинг на Zenith.
Извештајот објавен деновиве покрива 41 од клучните маркетинг пазари, и предвидува дека трошоците ќе пораснат и за социјалните медиуми (за 25%) како и за он-лаjн видеата (за 20%).
Овој тип на трошоци за првпат за поголемиот дел од дигиталните трошоци ќе достигне бројка од 51%, со тенденции на зголемување до 58% во текот на следната година.
Овој тип на трошоци бележат рапидно зголемување во трошоците за маркетинг кои за 2012 година бележеле учество од 13%.
Земено во глобала, овој тип на трошење пораснал 8 пати за период од 4 години , односно од $5bn (поточно £4.02bn) во 2012 година до $39bn (£31.4bn) оваа година што би значело дека станува збор за просечен годипен пораст од 71% годишно.
Од извештајот забележано е дека иако растот се намалува во следните две години тој во 2018 година ќе достигне суми од $64bn (или поточно £51.5bn).
САД доминираат во програмското трошење за дигитални реклами со $24bn односно заземајќи околу 62% од глобалниот просек на трошоци, додека пак Велика Британија е втора со with $3.3bn (£2.6bn).
Benoit Cacheux, лице одговорно за глобална и дигитална иновација во компанијата Zenith, го изјави следното: “програмското купување на дигитални медиуми станува норма во поголемите пазари и агресивно ја следи оваа насока во помалите пазари.
“Веруваме дека растот на програмското трошење ќе продолжи да се зголемува поради подобрувањето на медиумите достапни во овој тип на средини – особено во приватните пазари и големата достапност на програмските мобилни медиуми поткрепени со софистицираните решенија за менаџирање на рекламите на различните дигитални платформи.’’