Богата маркетиншка програма и оваа година ќе го следи BalCannes, кој се одржува како дел од осмиот Weekend Media Festival во Ровињ, Хрватска.
Во салата на BalCannes, преку мултимедијален разговор претседателот на Управниот одбор на Konzum Дарко Кнез ќе ги претстави новите практики на трговијата во 21 век, додека со проекцијата на филмот The Epica Showcase Марк Тунгејт ќе ги презентира партнерските награди Epica Awards. Во соработка со Media Marketing ќе се одржи панелот Girl Power за положбата на жените во огласувачката индустрија, а со потребата за ‘одвикнување’ од старите начини на користење на медиумите ќе се занимава панелот ‘Заборавете се’ што сте научиле’.
Веќе од порано се најавени и предавањата ‘5 правила на модерниот маркетинг’ на Ана Ангелиќ (Havas LuxHub) и Јана Савиќ-Ростовац (McCann Beograd) и ‘Агенцијата го возвраќа ударот’ на Пиер Поли (Havas Worldwide), како и контроверзниот BalCannes Talk Show со членовите на групата Laibach, под насловот ‘Од Лајбах до Пјонгјанг’. Форматот на HURA ППП (Пиво После Програмата) ќе се повтори во Ровињ на интригантната тема ‘Крај на дигиталните агенции?’.
BalCannes и оваа година привлече голем интерес од рекламните агенции од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Македонија. Сите пријавени кампањи ќе бидат прикажани во склоп на screening програмата на Weekend-от, а во текот на целата година ќе бидат достапни на страниците на BalCannes Yellow Pages, оваа година под покровителство на Хрватската стопанска комора.
Иако BalCannes не е натпреварување, жири од специјализирани новинари за рекламната индустрија со кое претседава Борис Ефтимовски (Marketing365), a го сочинуваат и Марјан Новак (Marketing magazin), Екрем Дупановиќ (Media Marketing), Ивана Парчетиќ (Marketing mreza) и Иван Брезак Бркан (Netokracija), во Ровињ ќе ги изберат 25-те најдобри кампањи. Избраните проекти ќе можат дополнително да се претстават со петминутна презентација во главната сала на Weekend Media Festival.
“BalCannes во изминатите три години се потврди како исклучително корисна ревија, пред се’ за огласувачите кои можат на едно место да ги видат сите најдобри и да одлучат што најдобро одговара на нивните потреби. Четвртото издание ќе биде по многу нешта најинтересното до сега, стигнаа голем број на многу креативни кампањи, навистина тоа ќе биде еден репрезентативен пресек на регионалните продукции”, рече Давор Брукета, член на Управниот одбор на Хрватското здружение на компаниите за пазарно комуницирање (HURA).
Дополнителна погодност за учесниците на BalCannes оваа година е партнерството со Epica наградите, единственото глобално креативно натпреварување кое го жирираат специјализирани новинари, а учествуваат илјадници кампања од повеќе од 60 земји. Така, 25-те кампањи кои ќе бидат избрани како најдобри на BalCannes ќе имаат дури 50% попуст за пријава на агенцијата на овогодинешните Epica наград, кои ќе се одржат во ноември во Берлин.
Организатори на BalCannes се Хрватското здружение на компаниите за пазарно комуницирање и Weekend Media Festival, кој оваа година се одржува од 24 до 27 септември, под покровителство на Adris групата, во просториите на старата фабрика за тутун во Ровињ. На Weekend се очекуваат околу 4000 учесници од сите земји на регионот и други европски земји.