Косопственикот на „Слободен печат“, Александар Родиќ, го продаде својот дел на Владимир Галјак, па така овој реномиран адвокат стана нов партнер во сопственичката структура на најтиражниот весник во Македонија, објавува денеска Слободен Печат
“Пред четири години, заедно со мојот партнер од Македонија Драган Живковиќ ја препознавме шансата и го претворивме „Слободен печат“ во лидер во печатеното и дигиталното новинарство во Македонија. Својот удел во „Слободен печат“ му го продадов на мојот долгогодишен пријател и соработник Владимир Галјак, затоа што сум сигурен дека тој ќе продолжи да ја развива компанијата во истиот правец: независно, храбро и професионално новинарство “– изјави Родиќ.
Галјак вели дека со големо задоволство ја прифатил понудата за купопродажба.
“Станав косопственик на угледната медиумска компанија „Слободен печат“. За мене е голема чест да продолжам по патот по кој Родиќ и Живковиќ направија компанијата да се одликува со професионалност, независност и слобода во работата. „Слободен печат“ е меѓу ретките која во Западнен Балкан успеа да ја оствари таа тешка цел” изјави адвокатот Галјак.