Во нова форма на еколошкото мото „мисли глобално, делувај локално“, брендот за брза хрна McDonald’s лансираше нова кампања за британскиот пазар насловена „Промени малку, промени многу“ (“Change a little, change a lot”).
Со кампањата, McDonald’s ги презентира своите заложби и остварувања во насока на поголема еколошка одржливост – како вриеното масло го претвора во биогориво, хартиените чашки за кафе ги претвора во честитки, а пластичните играчки ги рециклира во цели детски игралишта.
Покрај емитувањето на три телевизиски спотови од по 40 секунди, кампањата ќе вклучува и 30-секундни реклами за радио, како и повеќе активности на социјалните мрежи.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција Leo Burnett и продукциската куќа Caviar, додека пак медискиот закуп е задача на агенцијата OMD.