Независната американска адвертајзинг агенција Wieden+Kennedy објави промени во глобалното раководство на агенцијата.
Досегашниот управен директор на њујоршката канецеларија, Нил Артур, е назначен за генерален оперативен директор, додека пак Карл Либерман, досегашен извршен креативен директор на истата њујоршка канцеларија, ќе биде новиот генерален креативен директор на агенцијата на глобално ниво.
Тие ќе работаат заедно со Колин ДеКорси, која ја задржува позицијата на Претседател и креативен директор, водејќи ги сите осум канцеларии на Wieden+Kennedy низ светот.
Актуелниот ко-претседател, Том Блесингтом, ќе биде унапреден на позицијата Претседавач, заменувајќи го Дејв Лур, кој ќе оди во пензија на крајот од годината.
Сите промени ќе бидат ефективни почнувајќи до 1 јануари 2021 година.