Извршниот директор на Одделот за часовници при модната групација LVMH, Фредерик Арно, соопшти неколку промени во раководството на брендовите TAG Heuer и Hublot кои стапуваат на сила од 1 септември 2024 година.
Рикардо Гвадалупе е назначен за почесен претседател на Hublot. Како извршен директор од 2012 година, тој го водеше извонредниот раст на брендот во текот на две децении и сега сака да се повлече од оперативното управување.
„Hublot е еден од ретките производители на часовници што се издигнаа и постигнаа таков успех во 21-от век со кршење на кодовите за дизајн, комуникациските бариери и истражување на нови граници во производството на часовници. Би сакал искрено да му се заблагодарам на Рикардо и неговите тимови за фантастичната работа во градењето на брендот во изминатите 20 години. Навистина, за 8 години како управен директор, а потоа 12 години како извршен директор, Рикардо го отелотворуваше Hublot и неговиот развој, особено преку неговата визија за производот, длабокото знаење за индустријата и односите со сите деловни и индустриски партнери. Јас знам дека Рикардо сега ќе продолжи да обезбедува почитување на вредностите кои доведоа до успехот на брендот“ – коментира Фредерик Арно.
На местото на Рикардо Гвадалупе како извршен директор на Hublot доаѓа Џулиен Торнаре, кој досега ја исполнуваше функцијата извршен директор на TAG Heuer. За негов наследник на челото на TAG Heuer е назначен Антоан Пин, кој од септември 2019 година ја извршува функцијата генерален директор на Bvlgari Horlogerie.
„Воодушевен сум поради доаѓањето на Џулиен на чело на Hublot, што го означува почетокот на новото поглавје посветено на иднината на нашиот бренд и зајакнувањето на неговата единствена позиција меѓу водечките брендови на часовници. Исто така сум среќен да му посакам добредојте на Антоан во нашето одделениете за часовници во TAG Heuer. Неговото големо меѓународно искуство, експертиза и добро позната страст за часовници ќе бидат главни предности во продолжувањето на растот и издигнувањето на TAG Heuer“ – додава Фредерик Арно.