Новите Адидас дресови на Манчестер Јунајтед се најбрзо растечката во вредност кампања за промоција на нови фудбалски дресови откако генерира 2.3 милиони долари вредност преку социјалните медиуми во првите три дена, пишува The Drum.
Бројките покажуваат дека Манчестер Јунајтед сега е најголемиот двигател на вредност за Адидас кој ја презеде улогата за снабдувач на опрема за премиерлигашкиот клуб од Најк со 10-годишен договор вреден 1.2 милијарди долари (750 милиони фунти).
Новата опрема за сезоната 2015/2016 беше промовирана со #BeTheDifference хаштагот и скоро ја достигна истата вредност во првите три дена колку целата кампања за новата опрема на Реал Мадрид која беше промовирана уште во Јуни, продуцирајќи над 2,6 милиони долари во вредност на бреднот преку социјалните медиуми. Важен дел од кампањата беше видео кое се емитуваше минатиот викенд, создадено од The Corner, во кое беа вклучени моемталните ѕвезди на тимот, вклучувајќи ги Вејн Руни и Ешли Јанг, заедно со истакнати моменти од богатата историја на клубот.
Успешноста на кампањата произлезе од активното учество на клубот како и нивото на интеракција од својата фан база на социјалните медиуми.
Профилите на Манчестер Јунајтед на социјалните медиуми објавија 38 содржини директно поврзани со промоцијата на новата опрема, низ Фејсбук, Твитер и Инстаграм, повеќе од кој било друг клуб-пратнер на Адидас од Јуни. За споредба, Милан објави 16 содржини, Баерн Минхен и Челзи по 36, а Реал Мадрид 28 објави.
Макс Барнет, раководител на Digital UK&I, Rupicom, истакна дека “досегашните бројки за брендот се охрабрувачки” и успехот покажа дека “градењето на интерактивна социјална фан база е клучна и е нешто на што клубовите низ светот треба да обрнат повеќе внимание”.
Од Јуни, ‘големата четворка’ на клубови-партнери на Адидас генерирале преку 4.6 милиони долари за брендот преку социјални медиуми, додека просечната вредност на еден пост е 40 000 долари.
Кога бројките од Манчестер Јунајтед ќе се додадат на крајот од кампњата, Адидас може да очекува да добие повеќе од 7 милиони длари во медиска вредност генерирана само преку социјални медиуми.