Во текот на вчерашниот ден, во продажниот салон на Ми-Да Гранд Моторс Скопје, официјално, беа промовирани првиот Ford Mustang за продажба во Македонија и новиот Ford Focus RS.
На промоцијата, генералниот директор на Ми-Да Гранд Моторс, Дритон Заири изјави дека Ford Mustang-от е икона во автомобилскиот свет, а дека Ford Focus RS е возило кое ги урна сите бариери кога се работи за високи перформанси.
На претставувањето на Ford Mustang-от, Кирил Утевски, продукт менаџер во Ми-Да Гранд Моторс, ги истакна спецификите на ова ремек дел од автомобил.
„Ова е душата и срцето на Ford, еден од глобално најпрепознатливите модели на компанијата, икона во светот на автомобилизмот, но и во американската култура воопшто, која до неодамна беше привилегирана да ужива во возењето на Mustang. Од 2015 година, овој автомобил е достапен и во Европа, каде големата желба на купувачите да го поседуваат овој модел на Ford резултираше со повеќе од 16.000 нови порачки. На светско ниво се продадени околу 140.000 модели“, вели Утевски. Овој автомобил е достапен во две каросериски изведби: Fastback и Convertible.
Ford Focus RS е најнов автомобил на компанијата, произведен во 2015 година и веќе достапен за македонските купувачи. Дејан Цветковски, шеф на продажба во Ми-Да Гранд Моторс, потенцира дека ова возило е најдоброто и најекстремното Ford возило во класата hot hatch-back, дел од семејството Performance возила.
„Ford ја произведе третата генерација технолошки иновативниот, технички совршениот и најекстеремниот hatch-back, кој може да се купи на пазарот. Focus RS е совршена комбинација на семејно возило со екстремни тркачки перформанси. Возило кое е способно да направи се што бара возачот, возило направено без ниту еден компромис“, вели Цветковски.
Развојот на Ford RS трае две години, каде сите врвни стручни лица, деноноќно, работеле и наоѓале решенија како да го произведат најдоброто можно возило.