Денеска во Скопје, во “Кино Фросина“, беше промовирана книгата “Основи на Какодологијата“ на Иван Станковиќ, сопственикот на маркетинг агенцијата Комунис од Србија
Иван во огласуваката индустрија е присутен од 1979 година. Има завршено Економски факултет и има работено во неколку маркетинг агенции.
Во 1990 година, заедно со Драган Сакан во Србија ја основаа првата мултинационална агенција за Југоисточна Европа Saatchi&Saatchi која во годините што следеа се прошири на територијата на цела поранешна Југославија, отварајќи канцеларии во Словенија, Хрватска, Македонија, БиХ, Бугарија и Албанија. За него се врзуваат проектите за воведување на многу познати производи како што се Марс, Проктер&Гембел, Кока-Кола, Џонсон&Џонсон, Вригли итн..
Во текот на 2002 година, Иван Станковиќ ја основа својата комуникациска група која во себе ја има маркетинг агенцијата Комунис, медиската агенција Media S и продукциската агенција Yellow production. Од 2010 неговата групација склучува договор со DDB – една од најголемите светски комуникациски групации и оттогаш агенцијата работи како “Комунис ДДБ“
Од неговата “кујна“ излегоа некои од најистакнатите маркетинг кампањи за : Књаз Милош, Цептер осигурување, Гранд Арома и Гранд Де Лукс, Мерцедес Бенз итн..
Агенциите на Станковиќ се добитници на бројни домашни и странски награди за креативна работа а на Иван му е доделена и награда за животно дело (УЕПС)
Издавачи на македонската верзија од книгата се “Публишер“ дооел Скопје.