Агенцијата “Ig2“ во склоп на кампањата за промоција на “Quebéc City Magic Festival“ смислија доста интересен и иновативен начин за промоција на настанот.
Тие поставија еден куп на постери низ целиот град на кои имаше само бела позадина, црна “магионичарска“ капа и мал текст кој случајните минувачи ги кани да го сликаат постерот користејќи го блицот на својот телефон, за потоа да ја погледнат сликаната фотографија и да ја откријат скриената порака. Секако скриената порака беше промоција на самиот настан и тоа промоција каква што досега не сме виделе.
Одличен начин да се предизвика внимание и да се зголеми фокусот кон самата порака и самиот настан….
Погледнете: